Шведското разузнавање сега ја гледа Русија како единствената најголема закана за безбедноста на земјата.
Во предупредувањето, службата за безбедност SÄPO укажа на поагресивна Русија и раст на екстремизмот. Тоа следи по претходното предупредување од шведското воено разузнавање, оценувајќи ја сегашната закана како најсериозна“ што била од Студената војна.
Во соопштението на безбедносната служба Русија во средата е опишана како „една најголема закана“ за Шведска.
„Тоа се случува преку инфилтрација и влијание на носителите на одлуки. Но, исто така, преку градење способност да се создаде алтернативна општествена структура. На пример, да се има алтернативна моќ на редот“, рече Сузана Трехорнинг, заменик-шеф за борба против тероризмот во SÄPO.
Загриженоста за Русија и нејзините дестабилизирачки активности во регионот беа во центарот на вниманието на самитот во Полска на таканаречените Букурешт Девет — најновите членки на НАТО на источното крило на алијансата.
Присуствувајќи како дел од неговата тридневна посета на Европа, американскиот претседател Џо Бајден ја потврди посветеноста на Америка за безбедноста на Б-9, чии членови се приклучија на воената алијанса откако беа под сферата на влијание на Москва за време на Студената војна.
Тие сега со загриженост гледаат на експанзионистичките амбиции на Москва.
„Посветеноста на Соединетите Американски Држави кон НАТО, јас ja кажав премногу пати, ќе повторам, е апсолутно јасна. Членот пет е света заложба на Соединетите држави. Ќе ја браниме секоја педа од НАТО“, им рече Бајден на источноевропските лидери на Алијансата.
Поддршката за Украина и НАТО беше мисијата на Бајден во Европа.
Тој го заврши своето патување со надеж дека ќе ги убеди европските сојузници во посветеноста на Америка.
Тие ќе се надеваат дека тој нема да поколеба кога ќе се врати дома за да се соочи со републиканската критика за цената на неговите уверувања.
Безбедносната ситуација „најсериозна“ од Студената војна
Шведското воено разузнавање во понеделникот ја нарече безбедносната ситуација во нордиските земји и Европа по руската инвазија на Украина „најсериозна“ од раните 1980-ти, за време на ерата на Студената војна.
„Ризиците за безбедноста на Шведска се зголемени, а заканите за Шведска станаа пошироки и посложени“, се вели во соопштението на шведските вооружени сили.
Оценката беше претставена во годишниот безбедносен извештај на шведските воени безбедносни и разузнавачки служби (MUST).
„Денес имаме ситуација на конфликт и конфронтација меѓу Русија и Западот, која веројатно ќе се влоши“, нагласи директорката на военото разузнавање и безбедносните служби Лена Халин во преамбулата на извештајот.
Според неа, безбедносната ситуација во Европа и во регионот што граничи со Шведска во моментов е „најсериозна барем од почетокот на 1980-тите“.
Шведска, заедно со соседна Финска, ја прекина својата повеќедецениска политика на воено неврзување и се прогласи за кандидат за членство во НАТО во мај 2022 година по руската офанзива во Украина.
На апликацијата на Шведска се спротивстави Турција, која ја обвинува скандинавската земја дека засолнила курдски милитанти кои ги опишува како „терористи“, особено оние на Курдистанската работничка партија (ПКК).
Пристапните протоколи на новите членки на НАТО мора да бидат ратификувани од сите 30 членки на организацијата. Само Турција и Унгарија се уште немаат ратификувано од нивните парламенти договорот за пристапување на двете нордиски земји.
Подготви: А. Р.
Извор: Еуроњуз