ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи во ОН: Човечките страдања во Украина мора да престанат

February 23, 2023 18:51
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи, денеска говореше на 11-тата Специјална итна седница на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) во Њујорк каде упати силна осуда за воената агресија на Руската Федерација врз Украина.

Во своето обраќање, Османи испрати порака до сите земји членки на ОН за важноста на усвојувањето на Резолуцијата на ОН за враќање на мирот и заштита на меѓународниот поредок и ги повика сите земји членки на Организацијата на ОН да се солидаризираат со Украина и со нејзиниот народ и да ја чуваат Повелбата на ОН која е нивна заедничка одговорност.

„Денес е Украина, утре може да биде која било наша држава која се потпира на правилата и принципите на меѓународното право и Повелбата на ОН ја смета како неспорна гаранција за независност, суверенитет и територијален интегритет на земјите. Руската Федерација ги прекрши овие фундаментални принципи, кои сите ги негуваме и за кои сите се согласуваме, без оглед на разликите меѓу нас, рече Османи“, инфомираат од МНР.

Османи јасно порача дека не може во 21 век да се прифатат „сферите на влијание“, објаснувајќи дека тоа е концепт за предизвикување конфликти, како што e случај со Украина. Потенцираше дека е недозволиво една држава со сила да ги менува границите на својот демократски сосед, да ја уништува нејзината инфраструктура и да предизвика неподносливо страдање на цивилното население.

„Не можеме да дозволиме или да признаеме освојување на територии со војна и смешно организирани референдуми на окупирани територии. Не можеме да прифатиме владеење со сила и најсилните да одлучуваат за судбината на другите народ“, рече Османи.

Османи, како што се вели во соопштението од МНР, кажа дека Русија ја избрала погрешната страна на историјата и оттука мнозинството земји-членки ги прифатија досегашните резолуции на ОН, со што и ја осудија руската инвазија на Украина. Однесувањето на Русија како постојана членка на Советот за безбедност нема оправдување“, истакна Османи. Русија освен што започна агресивна војна против Украина, предизвика и енергетска несигурност и недостаток на храна во светот.

Претседавачот на ОБСЕ ги пренесе позициите на Северна Македонија, која се води од принципите на меѓународното право и Повелбата на ОН. Нашата земја од самиот почеток ја осуди руската војна против Украина и како голем број членки на ОН, даде поддршка на истрагата за евентуални воени злосторства врз украинскиот народ, а сега дава поддршка и на враќањето на мирот и заштитата на меѓународниот поредок.

Говорејќи од позиција на Претседавач со ОБСЕ, Османи истакна дека Русија со воената инвазија ги прекрши и принципите на ОБСЕ и Завршниот акт од Хелсинки. Пред Собранието, тој ги сподели личните сведоштва за време на теренската мисија на Украина.

„Го посетив градот Бородјанка во близина на Киев кој беше особено тешко погоден од руските напади. Разговарав со луѓето, се запрашав: што згрешиле овие невини цивили, повеќето од нив постари луѓе или деца? Што згрешиле за да ја заслужат оваа судбина? Можеме да направиме многу повеќе од хуманитарна помош, можеме да ги спречиме овие човечки страдања. Како што вели мотото на нашето претседавање со ОБСЕ – За луѓето се работи!“, истакна Османи.

Претседавачот со ОБСЕ, на претставниците на земјите-членки на ОН им порача и дека политичките дејствувања на национално и меѓународно ниво ќе бидат бесмислени ако се остане нем пред човечките страдања кои не се предизвикани од природни катастрофи, туку од намерна воена агресија. Потенцираше дека одговорност мора да има, бидејќи тоа е најефективното средство за ова што се случува во Украина да не ѝ се повтори на друга суверена држава и на друг народ.

„Меѓународната заедница, отелотворена во Обединетите нации, не може да си дозволи грубо кршење на сите правила и принципи. Она што се наметнува како прашање, не е ништо помалку од визијата за светот во кој сакаме да живееме: или ќе обезбедиме мирен соживот и соработка меѓу народите, ослободени од закани од војна и агресија, или ќе бидеме принудени да живееме во постојан страв, нестабилност и неизвесност“, истакна претседавачот на ОБСЕ, Бујар Османи на ГС на ОН. 

 

Tags: Бујар ОсманиОбединетите нацииОБСЕУкраина
Next Post

Фондот за здравство одлично се справи со сајбер нападот, успеа за 14 дена да се врати во целосна функција, нагласи Ковачевски

Shortcut

Најново

Фото: СДСМ

Тренчевска: ВМРО ги излажа пензионерите и во криза не донесе ниту една мерка за да им помогне

September 1, 2026

Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

September 1, 2026

Политиката пред правото? „Мазут“ повторно во истрага – Вишото ЈО бара нови вештачења иако претходно немаше утврдена штета

August 31, 2026
Image: Bing Image Creator

Како вештачката интелигенција го менува нашиот живот: Фикцијата останува фикција, но Механизмот…

August 31, 2026
Фото: Томислав Георгиев

„Фолтин“ со јубилеен концерт во Хераклеа одбележа 30 години со публиката

August 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk