Откако Индекс.мк објави информации дека членови на семејството на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, акумулираат сериозен недвижен имот, на својот Фејсбук профил Мицкоски објави демант и ги нападна медиумите кои ја пренесоа веста.
-Денеска е Прочка и јас им простувам за ова што ми го прават мене и на моето семејство и затоа имаат 24 часа медиумите блиски на ДУИ и СДСМ (Џабир Дерала) да ми се извинат, а доколку тоа не го сторат ќе ја барам правдата преку судски процес, наведува Мицкоски.
Сепак, освен што етикетира медиуми, во оваа објава, односно демант на Христијан Мицкоски нема ниту збор за информациите кои ги пренесе порталот „Инфомакс“, а кои исто така ги пренесоа повеќе медиуми. Пред информации да објави порталот на албански јазик „Индекс.мк“, порталот „Инфомакс“ информира дека таткото на Христијан Мицкоски располага со три стана во Скопје и еден во Охрид.
Ова не е првпат Мицкоски да етикетира медиуми, но се поставува прашањето зошто нема демант на тврдењата на „Инфомакс“ или пак нивните информации се вистинити?