Американскиот претседател Џо Бајден уште еднаш ги „разгоре верниците“ на Тесла со својата најнова објава на социјалните мрежи за електромобилноста во САД.
„Не е лошо место за тестирање на електричната иднина на американската автомобилска индустрија“, се вели во твитот, на кој е прикажан Jeep Wrangler 4xe (приклучен хибрид) на тревникот во Белата куќа.
Not a bad place to test drive the electric future of American auto. pic.twitter.com/2SfASt2YL3
— President Biden (@POTUS) February 25, 2023
Очекувано, пораката предизвика реакции од секаков вид и од двете страни во однос на електричната мобилност.
Најгласни се оние кои алудираат на електричниот капацитет на возилото на сликата… кое е едвај 40 километри.
Фановите на Тесла бесни
Оние кои покажаа најмногу огорченост беа, уште еднаш, обожавателите на Тесла, кои сметаат дека компанијата на Илон Маск е вистинската движечка сила зад промената кон електричната мобилност во Соединетите држави.
И не без причина, бидејќи во 2022 година Тесла беше водечки производител на електрични автомобили во светот и најголем во САД со огромна разлика во однос на останатите. Всушност, 65% од електричните автомобили што се продаваат таму се автомобилите на Тесла.
Ова е стара расправија меѓу администрацијата на Бајден и Илон Маск, кои немаат баш најблиски односи.
Јужноафриканецот отсекогаш барал признание за неговата работа како двигател на електромобилноста во Соединетите држави, додека претседателот Бајден отсекогаш се приклонувал кон големите традиционални производители General Motors и, во овој случај, Jeep, американскиот бренд 4×4 на Stellantis.
We’re building a charging network from coast to coast – and creating good-paying jobs while doing it. pic.twitter.com/v6Vp6n7G07
— President Biden (@POTUS) February 27, 2023
„Дали е тоа Тесла?“; „А каде е Тесла?“; „Не гледам никаков Тесла таму“; „Значи… Дали е тоа Тесла што сте ја возеле?“. Ова се дел од одговорите кои следбениците на претседателот Бајден му ги оставија како коментари на неговата порака.
Непосредно пред важен датум за Тесла
Пораката на американскиот претседател доаѓа и во деликатно време за Тесла, кои вчера се соочуваа со „лакмусов тест“ за својата иднина.
На Денот на инвеститорите, Тесла ќе мора да го одбележи краткорочниот пат на својот бизнис пред своите акционери.
Се очекува Илон Маск да возврати силно за да ја врати довербата во неговиот бренд, кој, иако продолжува да додава комерцијални успеси, се соочува со зголемена конкуренција и надвор и внатре во границите на САД.
I meant it when I said the future was going to be made right here in America. Companies like GM and Ford are building more electric vehicles here at home than ever before. pic.twitter.com/5E3ecA93MR
— President Biden (@POTUS) January 27, 2022
Во САД, Маск ја нема ниту претседателската наклонетост
Ова е претпоследното поглавје во сагата која во последните епизоди доживува кулминација. Во контекст на ова, никогаш не треба да го заборавиме озлогласениот скандал „Датотеки на Твитер“ во кои е вмешан синот на Бајден.
Подготви: Ј. Ѓ.
Извор: Marca.com