Украинските власти денеска соопштија дека собориле 13 експлозивни дронови од иранско производство од вкупно 15 лансирани од Русија во текот на ноќта.
– Руските освојувачи ја нападнаа Украина од север со дронови Шахед-131/136, соопштија украинските воздухопловни сили.
Евидентирани се вкупно 15 лансирања на беспилотни летала, а уништени се 13 „Шахеди“.
Според воената администрација на Кијив, беспилотни летала биле лансирани и врз главниот град на Украина, но сите биле соборени и немало жртви или материјална штета.
Локалните власти додадоа дека испораката на западни системи за противвоздушна одбрана и помогна на Украина поефикасно да се спротивстави на тие закани во последните недели.