ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Руски блогер кој заврши в затвор: Русија не е Путин

March 7, 2023 22:00
in ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ

Руски блогер затворен поради, како што велат руските власти, „ширење дезинформации за вооружените сили“, изјави за Скај њуз дека „Русија не е Путин“. Дмитриј Иванов е осуден на повеќе од осум години затвор за објавување содржина на протестниот канал на социјалната мрежа Телеграм за студенти на Московскиот државен универзитет.

Пред изрекувањето на пресудата, Иванов за Скај њуз изјави дека „Русија не гласала за Владимир Путин“ и дека „тој не ги прашал Русите што мислат за започнување војна со нивните најблиски соседи“.

Десетици милиони луѓе овде во Русија се против оваа криминална војна. Многумина од нас имаат пријатели и роднини во Украина и ја чувствуваме нивната болка. Оваа војна е голема трагедија за народот на Украина, како и за Русите кои сакаат мир со нивните соседи, истакна 23-годишното момче.

Блогерот, кој беше приведен во јуни минатата година, пред судот изјави дека останува на неговите првични изјави, за кои смета дека се фактички точни. Неговата мајка, Елена Стромскаја, рече дека луѓето му пишувале на Дмитриј од различни земји како Централна Азија, Грузија, Ерменија, па дури и Велика Британија, и дека тој морал да даде некои писма бидејќи веќе немал каде да ги стави.

Таа додаде дека е горда на својот син: „Горда сум што се држи, што не може да се скрши и што продолжува да се бори“.

Освен затворската казна, на Иванов му е забрането четири години да врши должност на администратор на интернет или на социјалните мрежи, изјави неговата адвокатка Марија Ајсмонт. Тој е обвинет дека напишал или повторно објавил серија наводи на Телеграм за однесувањето на руската војска во Украина, вклучително и наводи за воени злосторства.

Случајот на Дмитриј Иванов е уште една демонстрација на бруталната репресија на антивоено несогласување од страна на руските власти. Тоа покажува дека секој што тврди дека руските сили извршиле воени злосторства, ќе плати за тоа со години зад решетки, реагираше Наталија Звијагина, директорка на Амнести интернешнал за Русија.

Според неа, „судството повеќе не се обидува да одржи ни најмал изглед на непристрасност. И обвинителот и судијата ги третираа изјавите на руските функционери како фактички и вистинити, за кои не беше потребна независна проверка. Сè што им противречи беше отфрлено како лажна информација“.

Дмитриј Иванов е затвореник на совеста. Тој и сите обвинети и осудени за говорење против руската инвазија на Украина треба веднаш и безусловно да бидат ослободени, а сите обвиненија против нив да бидат отфрлени. Актите со кои се криминализира критиката за руската инвазија на Украина треба да се укинат како кршење на правото на слобода на изразување, нагласи Звијагина.

„Дискредитирање“ на војската во Русија се казнува со затвор до пет години, додека намерното ширење лажни информации може да резултира со казна затвор од 15 години.

Г.Т.

Tags: анти-ПутинблогерзатворРусијателеграм
Next Post

Костадиновска-Стојчевска: Со новиот Закон за македонскиот јазик тој се заштитува како духовно наследство

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk