ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ИЗБОР) Албански медиуми: Во Албанија и Косово на меѓународниот ден на жената се протестира и прославува; инсталација „Црвени чевли“ во Тирана; имотното наследство предизвик за косовските жени

March 8, 2023 12:20
in PMD, ДЕНЕС, МЕДИУМИ
Share on FacebookShare on Twitter

Во Албанија и во Косово се прославува и се протестира по повод Меѓународниот ден на жената, 8 март. Во Тирана е поставена инсталација „Црвени чевли“, според идејата на мексиканската уметница Елина Шове “„Los Zapatos Rojos“. Во извештај од Еурофонд се вели дека Работниците Албанци, и машки и женски, имаат најдолго работно време во Европа, достигнувајќи и до 50 часа неделно. Ова е дел од изборот на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа за денешниот избор од албанските медиуми во регионот.

ТВКлан: 8 Март, прослава и протест! Инсталација „Црвени  чевли“ во Тирана

„На плоштадот „Мајка Тереза“ во Тирана денеска е поставена инсталација „Црвени чевли“, по повод Меѓународниот ден на жената, 8 Март.

Идејата за црвени чевли датира од пред години, кога мексиканската уметница Елина Шове ја започна инсталацијата „Los Zapatos Rojos“ во чест на нејзината сестра, која го загуби животот како последица на семејно насилство. Од 2009 година црвените чевли се меѓународен симбол.“, пренесе албанскиот медиум КланТв.

Панорама: Мажите во Албанија ја имаат „моќта“ над парите и бизнисот, жените ја зголемуваат својата тежина во политиката

„Работниците Албанци, и машки и женски, имаат најдолго работно време во Европа, достигнувајќи и до 50 часа неделно, се вели во извештајот на Еурофонд за работните услови и идните импликации, кој ги вклучува и земјите-членки на ЕУ.-, Обединетото Кралство, Норвешка, Швајцарија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија.

Мажите Албанци работат околу 50 часа неделно, додека жените околу 45 часа неделно. По Албанците се рангирани Грците, Србите, Црногорците, Романците и граѓаните на Косово.“, пишува меѓу другото во статијата на албанскиот дневник Панорама.

Коха: 8 март – Меѓународниот ден на жената, во Косово се протестира и прославува

„По повод 8 март, колективот „Маршираме, не славиме“ ќе организира протест. Маршот започнува од Палатата на правдата и по собирањето на плоштадот „Захир Пајазити“ продолжува до Владата на Косово. Универзитетот во Приштина ја организира конференцијата „Жени – мир – безбедност“, а конференција ќе одржат и членовите на Одборот на жени пратеници на Собранието на Косово.

Дискусија по повод 8 март ќе организира Агенцијата за родова рамноправност на која ќе учествува и премиерот Албин Курти“, пренесе косовскиот дневник Коха.

Економиа Онлајн: Насилството и имотното наследство, еден од предизвиците со кои се соочуваат жените во Косово

Насилството врз жените и имотното наследство се дел од проблемите кои мора да се решат според Илира Зајми. Таа рече дека недоволно се бори против насилството врз жените како феномен, за што виновни биле институциите, пренесува Економиа онлајн.

Бота Сот: Германија и НАТО со силни пораки за дијалогот Косово-Србија, на средбите што ги имаа со лидерите на Албанија

„Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека планот на Европската унија за дијалогот Косово-Србија е добар и треба да биде спроведен од двете страни. Тој изјави дека е постигнат голем напредок во дијалогот и дека е среќен за конструктивните резултати што ќе се постигнат.“, пренесе  дневник Бота Сот.

Коха: Имиграциските политики ја „убиваат“ Европа!

„Претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен вети дека ќе ги „удвои напорите“ против илегалната имиграција. Не се сомневам во нивната лична искреност. А сепак, институциите што ги водат сносат одговорност за континуираната загуба на човечки животи во Медитеранот.“, извадок од колумната „ Имиграциските политики ја „убиваат“ Европа!“, од авторот Лоренцо Марсили, објавена во косовскиот дневник Коха.

Д. Тахири / ЦИВИЛ Медиа

Next Post

Интервју со Грковска: Да изградиме култура во која еднаквото учество на жените во процесите е нешто што се подразбира

НАЈНОВО

Фото: Герасимовски

Герасимовски со план во 10 точки за справување со кризата со отпадот

October 23, 2025

ДИК: Во 33 општини се завршени изборите за градоначалник во прв круг, во 11 општини има поднесено приговори

October 23, 2025
Скриншот

Израел им забранува слободен пристап на странските новинари во Газа и по прекинот на огнот

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk