ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ѓорѓиевски како неговиот ментор Мицкоски, бара повлекување на текстови и се заканува со тужби за пренесена вест

March 13, 2023 09:28
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски денеска до неколку медиуми испрати демант за пренесена вест, но и закана за тужба доколку не му се оствари желбата да се објави.

Се работи за информација на порталот 24 инфо, во која се тврди дека до Советот на општината поднел предлог точка со која бара измена на член од Одлуката за извешување на Буџетот на општина Кисела Вода, односно промена на коефициентот за исплата на плата на Градоначалникот да изнесува 3,4 а основицата на која се пресметува изнесува 26.755,00 денари.

Ова во суштина значи зголемување на платата на градоначалникот Ѓорѓиевски на над 90.000 денари или точно, 90.967 денари и тоа барање доаѓа лично од него.

Во крајно невистинит и тенденциозен текст се објавува целосна невистина, без притоа да се праша општина Кисела Вода за став. Во текстот се изнесени груби невистини во обид да се оцрни работата на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Како општина која работи крајно транспарентно, должни сме да ја информираме јавноста за фактичката состојба, објавувајќи ја документацијата со која се докажува дека платата на градоначалникот не е зголемена, ниту пак имало обид за нејзино зголемување.

„Советот на Општина Кисела Вода, на 26. 12. 2022г., донесе одлука за извршување на Буџетот на Општина Кисела Вода за 2023 година и истата е доставена до Министерството за финансии, од каде единствената забелешка е дека текстот во една реченица треба да се замени со формулација која ја користи актуелното Министерство за финансии. Да се скрати текстот, бидејќи било предетално објаснето. ОНА ШТО Е НАЈВАЖНО ЗА ЈАВНОСТА, е дека во текстот за кој се бара промена и што Општината треба да го спроведе, воопшто не се работи за корекција ниту на коефициент, ни на основицата по која се пресметува платата. Платата е определена со член 17-в од Законот за плата на функционерите и други избрани и именувани лица во Републиката.

Познавачите на финансиските закони и нивното спроведување, новинарите кои се занимаваат со економија, знаат дека платата на градоначалникот е утврдена со овој Закон за исплата на плата на функционери и именувани лица и знаат како таа се пресметува. Основицата е законски утврдена, а коефициентот со кој се множи основицата, се пресметува според бројот на жители. Ниту се работи за какво било зголемување на платата на Градоначалникот, што многу лесно може да се разбере за тој што го познава законот“, се вели во демантот на Ѓорѓиевски додавајќи дека бараат да се објави во целост овој демант, да се повлече текстот и се бара извинување.

„Во спротивно, ќе преземеме правни мерки за заштита, а средствата од спорот ќе ги донираме“, се закануваат.

Слично како и неговиот шеф и ментор, Христијан Мицкоски, кој пред десетина дена се закани и испрати допис од неговиот адвокат до медиуми дека ќе тужи доколку не се повлечат информациите за неговиот наводен имот, кои, исто така, беа пренесени од албанскиот портал „Индекс“.

Дали ова е сликата која ги очекува медиумите а која наликува многу на едно време пред 2016-та година – закани и заплашувања кон медиумите за секоја информација која не одговараше на тогашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски?

Новинарските здруженија за случајот со Мицкоски немаа реакција, се надеваме дека овојпат ќе реагираат на новите закани и тенденцијата која опозициската партија повторно ја враќа во своето делување кон медиумите.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ВМРО-ДПМНЕЃорѓиевскиКисела Вода
Next Post

Приведен крадец од Косово, ограбил 25-годишна девојка од Турција

НАЈНОВО

Скриншот

(ВИДЕО) Реакција од Белата куќа на шегата на Еди Рама со Макрон и Алиев

October 3, 2025

Герасимовски: Имаме 120 хигиеничари кои деноноќно работат заради нефункционалноста на Комунална хигиена

October 3, 2025
Фото: СДСМ

Филипче од Струга: Со конкретни мерки ги штитевме граѓаните во секоја криза, ВМРО-ДПМНЕ ги остави сами

October 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фотомонтажа: Фронтлајн

    „Мисијата е силен застапник на Охридскиот рамковен договор“ – ОБСЕ со порака по одлуката за укинување на двојазичноста на униформите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Струмичанката Тина Русева блесна на „The Voice of Germany“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Изјавите на Мицкоски за Кочани се апсолутен недостаток на емпатија и се на граница на социопатија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Елка Јачева Улчар: Вистина е дека не е познат авторот на кирилицата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk