Полициските службеници на полициската управа во Загреб ја завршија кривичната истрага за 29-годишен државјанин на Северна Македонија и засега недостапен 35-годишен државјанин на Босна и Херцеговина поради сомнение дека заговарале да извршат кривично дело и дека сториле кривично дело тешка кражба и перење пари.
Се сомничи дека 29-годишен и 35-годишен маж на крајот на јули 2021 година, по засновање работен однос во установа за згрижување на стари и изнемоштени лица на подрачјето на Максимир, ја искористиле немоќта и лошата здравствена состојба на повозрасна жителка на установата додека ги извршувале работните должности на згрижувачи и ѝ го украле мобилниот телефон и банкарска картичка, соопштија од загрепската ПУ.
Вкупната материјална штета причинета со овие дела изнесува околу 11.820 евра. По завршувањето на кривичната истрага, 29-годишниот осомничен е во притвор, а до надлежното државно правобранителство е поднесен посебен извештај, додека по 35-годишниот државјанин на Босна и Херцеговина интензивно се трага.