ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Бектеши ќе бара средба со ССМ за утврдувањето на минималната синдикална кошничка

March 16, 2023 13:08
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за економија Крешник Бектеши утре ќе побара средба со Сојузот на синдикатите на Македонија бидејќи од соработниците во Министерството за економија е утврдено дека има грешка во пресметката на минималната синдикална кошничка.

-Можеби е ненамерна, а можеби и техничка грешка, но факт е дека минималната синдикална кошничка во нашата држава не е 50.000 денари и не надминува 43.000 денари согласно методологијата што била претходно. Тоа значи дека од август па наваму два пати се калкулира инфлацијата во методологијата и во сите елементи кои беа наведени во претходната методологија, појасни Бектеши.

Посветени сме, порача министерот, на зголемување на платите и пензиите и ќе креираме дополнителни мерки со премиерот и со министерот за финансии.

-Граѓаните да бидат спокојни дека кризата сигурно нема да биде целосно на нивниот грб. Сите ќе покажеме солидарност – ние ќе се откажеме од давачки, компаниите ќе се откажат од профити, а граѓаните треба да бидат најмалку погодени, бидејќи ние постоиме за нив, потенцира Бектеши, по посетата на маркет во Скопје, каде со премиерот Димитар Ковачевски и директорот на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски извршија увид дали се намалени цените на млечните производи и тестенините.

Министерот Бектеши најави дека наскоро ќе излезат со информација за листата на прехранбените производи за кои ќе има ревидирана стапка на ДДВ.

Основните прехранбени производи ќе останат со повластена стапка, но не и луксузните што не ги користат повеќето од граѓаните.

-Листата на прехранбени производи за менување на стапката на ДДВ е споделена со сите засегнати страни, и со производители и со здруженијата на граѓаните и со стопанските комори. За основните прехранбени производи се знае дека ќе останат пет проценти, но за жал од претходните одлуки од пред седум, осум и десет години има проиозводи кои се со пет отсто, а денеска се луксузни и повеќето од граѓаните не ги ни користат. Зошто тие да бидат пет отсто кога можеме да направиме дополнителни други мерки со цел барем основните да бидат поевтини? За кратко време ќе излеземе во јавност во делот на репрограмирање на стапките на ДДВ за одредени производи, рече Бектеши.

Tags: Бектешиминимална синдикална кошничкаССМ
Next Post

ДЗС: Реализирани 52% од планираните активности за реформа на администрацијата

Shortcut

Најново

Со прекугранична вело-тура околу Охридското Езеро успешно заокружени активностите за Денот на Европа 2026

June 8, 2026

СДСМ: Фронтот за вистина и правда е повик за надпартиско обединување за иднината на државата

June 8, 2026

Мицкоски: Ќе сториме сè за да им помогнеме на извозно ориентираните компании во реализација на нивните амбиции

June 8, 2026

Дејан Дуковски во фокусот на „Војдан Чернодрински“: Од Прилеп се лансирав како автор

June 8, 2026

Герасимовски: „Центарска симфонија“ во сабота , оркестар, македонски шлагери и филмска музика во срцето на Скопје

June 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk