ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Трамп: Може да се случи да ме уапсат во вторник

March 18, 2023 15:16
in ZOOM IN, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска изјави дека по „протекувањето на незаконски информации“ можеби ќе биде уапсен во вторник и ги повика своите приврзаници на протест.

Во објавите на својата социјална мрежа „Социјална вистина“, Трамп алудираше на извештаите дека наскоро би можел да се соочи со кривична пријава во Њујорк за давање пари на ѕвездата од филмовите за возрасни Сторми Даниелс во замена за нејзиното молчење, објави Си Ен Ен.

Трамп не кажа дали бил информиран од некој член на органите на прогонот за претстојното обвинение.

Ен Би Си њуз вчера објави дека агенциите за спроведување на законот подготвуваат можно обвинение против Трамп на почетокот на следната недела.

Локалните, државните и федералните органи за спроведување на законот и безбедносните агенции, наводно, се подготвуваат за можноста поранешниот претседател Трамп да биде обвинет на почетокот на следната недела, според изјавите на пет високи функционери запознаени со подготовките.

Агенциите за спроведување на редот вршат безбедносни проценки, изјавија официјални лица, и разговараат за потенцијалните безбедносни планови во и околу Кривичниот суд на Менхетен, во случај Трамп да биде обвинет дека и платил на Даниелс за да молчи.

Трамп, кандидатот за републиканска претседателска номинација, го осуди „незаконското протекување на информации“ што „најавува“ дека ќе биде уапсен во вторник.

Протестирајте, вратете ја нашата земја назад, порача Трамп.

Тој негираше дека направил нешто незаконско и ја нарече истрагата на демократскиот обвинител од Менхетен, Алвин Браго, продолжување на партискиот „лов на вештерки“ против него.

Поранешниот американски претседател го обвини и Браго, кој е Афроамериканец, дека е „расист“.

Клучниот сведок во овој случај е Мајкл Коен, поранешен адвокат и „фиксер“ на Трамп (човек кој ги завршува сите проблеми во конфликтни ситуации), кој сведочеше пред големата порота минатата недела.

Коен пред федералниот суд во 2018 година призна дека незаконски и давал пари на Даниелс, како и на Плејбој зајачицата, Карен Мекдугал, да молчат за наводната врска со претседателот.

За тоа дело, но и за уште некои други, е осуден на три години затвор.

Г. Т.

Tags: апсењевторникповикпорно ѕвездапоткуп за молчењеприврзаниципротестТрамп
Next Post

„Блиц“: Екстремисти планираат улични протести во Србија

НАЈНОВО

Анаис

Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

November 1, 2025

Дерала за Алсат М: Националистичката реторика за време на локалните избори буквално ги замени сите други слогани

October 31, 2025

Герасимовски: Во недела заеднички да ја потврдиме победата

October 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 31 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дерала за Алсат М: Националистичката реторика за време на локалните избори буквално ги замени сите други слогани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како дојде до укинување на санкциите кон Додик: Кој сѐ и зошто лобираше за него во САД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орце за откажувањето на дебатата со Амар: Вечерва одбрав да бидам со мојот народ, на завршниот митинг во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk