ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Што содржи Анексот за кој Србија и Косово постигнаа согласност во Охрид?

March 19, 2023 08:59
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Косово и Србија вчера во Охрид го утврдија Анексот за спроведување на договорот за нормализирање на односите што двете страни го постигнаа на 27 февруари во Брисел, откако по 12 часа заврши состанокот меѓу претседателот Александар Вучиќ и премиерот Албин Курти во рамките на Дијалогот Приштина-Белград по покровителство на ЕУ.

Во продолжение ви ги пренесуваме одредбите од Анексот, објавен на официјалната страница на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАS), за кој Косово и Србија прифатија дека секое неисполнување на нивните обврски од Договорот, овој Анекс или минатите договори за дијалог може да има директни негативни последици за нивните соодветни процеси за пристапување во ЕУ и финансиската помош што ја добиваат од ЕУ:

– Анексот (постигнат во Охрид) е составен дел на Договорот од 27 февруари.

– Косово и Србија целосно се обврзуваат да ги почитуваат сите членови од Договорот и од овој Анекс и да ги спроведат сите нивни соодветни обврски што произлегуваат од нив целисходно и со добра волја.

– Двете страните прифаќаат дека Договорот и Анексот за имплементација ќе станат составен дел на соодветните процеси за пристапување на Косово и Србија во ЕУ. На страните им се стсва до знаење дека веднаш по усвојувањето на Договорот и овој Анекс, олеснувачот на ЕУ (Лајчак) ќе го започне процесот за измена на одредниците од Поглавјето 35 за Србија за да ги одрази новите обврски на оваа земја кои произлегуваат од Договорот и овој Анекс. Агендата на Специјалната група на Косово за нормализација подеднакво ќе ги одразува новите обврски на Косово кои произлегуваат од Договорот и од овој Анекс.

– Страните се согласуваат итно да ја поддржат Декларацијата за исчезнати лица, како што беше преговарано во рамките на Дијалогот олеснет од ЕУ.

– За да се имплементира членот 7, Косово веднаш отпочнува преговори во рамките на Дијалогот олеснет од ЕУ за воспоставување конкретни аранжмани и гаранции за да се обезбеди соодветно ниво на самоуправување за српската заедница во Косово, во согласност со релевантните претходни договори за дијалог, како што е утврдено од страна на Олеснувачот на ЕУ. .

– Страните се согласуваат да формираат Заеднички комитет за следење на процесот за спроведување на Договорот и на Анексот, со кој претседава ЕУ, во рок од 30 дена. Спроведувањето на сите одредби го обезбедува и надгледува Заедничкиот комитет за следење.

– За да се имплементира членот 9, ЕУ ќе организира донаторска конференција во рок од 150 дена за да формира пакет за инвестиции и финансиска помош за Косово и Србија. Нема да има исплата пред ЕУ да утврди дека сите одредби од Договорот се целосно имплементирани.

– Косово и Србија се согласуваат дека сите членови од Договорот и Анексот ќе се спроведуваат независно еден од друг.

– Редоследот на ставовите од овој Анекс не е во спротивност со редоследот на нивното спроведување.

– Косово и Србија се согласија да не го блокираат спроведувањето на ниту еден од членовите.

– Сите дискусии поврзани со спроведувањето на Договорот ќе се одвиваат во рамките на Дијалогот олеснет од ЕУ.

– Косово и Србија признаваат дека секое неисполнување на нивните обврски од Договорот, овој Анекс или минатите договори за дијалог може да има директни негативни последици за нивните соодветни процеси за пристапување во ЕУ и финансиската помош што ја добиваат од ЕУ.

Извор: Рацин.мк

Tags: БорелВучиќКуртиЛајчак
Next Post

Историска судска победа на македонскиот јазик во Грција: Судот во Лерин ги одби тужбите за забрана на Центарот за македонски јазик во Грција

Shortcut

Најново

Битиќи: Економската лага на Мицкоски се распаѓа на каса во маркет

June 4, 2026

ОФИЦИЈАЛНО: Андони Ираола е нов главен тренер на Ливерпул

June 4, 2026
Фото: Википедија

Калајџиев за случајот „Мазут“: Не е јасно каде е криминалот, а никој не прашува кој ќе одговара за штетата врз осомничените

June 4, 2026

АСОМ нуди европски модел за регулација наместо закон за затворање на легалната индустрија

June 4, 2026

Судот одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и уште три лица

June 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk