Државната изборна комисија (ДИК) на Црна Гора ги објави привремените резултати од претседателските избори одржани вчера, според кои во вториот круг од изборната трка ќе се најдат кандидатот на ДПС, Мило Ѓукановиќ, кој освои 35,37 отсто, и кандидатот на Европа сега, Јаков Милатовиќ, со освоени 28,92 отсто од гласовите.
Според податоците на ДИК, Ѓукановиќ добил 119.673 гласа, а Милатовиќ 97.858.
Кандидатот на Демократскиот фронт Андрија Мандиќ освоил 65.385 гласови или 19,32 отсто, пренесува РТЦГ.
Независниот кандидат, инфлуенсерот Јован Радуловиќ освоил 2.574 гласови или 0,76 отсто, а кандидатот на Обединета Црна Гора Горан Даниловиќ ја добил поддршката на 4.659 граѓани или 1,38 отсто.
Кандидатот на Демократска Црна Гора, Алекса Бечиќ, освоил 37.562 гласа или 11,10 отсто, а кандидатот на социјалдемократите Драгиња Вуксановиќ 10.669 гласови или 3,15 отсто.
Г. Т.