ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Уставниот суд укина два члена од Законот за изменување и дополнување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица

March 21, 2023 15:00
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Уставниот суд на денешната седница одлучи да ги укине член 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.97/2010) и член 1 од Законот за изменување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“бр.139/2014).

Како што информираат од Уставниот суд, со првата укината одредба е утврдено дека основицата за пресметување на плата на избраните и именуваните лица се применува од јануари 2012 година и е во износ од 25.726 денари, додека со втората укината одредба е предвидено дека платите на избраните лица во 2014 година може да се зголемат за 4 отсто започнувајќи со исплатата на платите во 2014 година.

Уставниот суд смета дека во случајот, постои двојство во уредувањето на прашањето за основицата на платата на избраните и именуваните лица, што претставува неконзистентност во законското уредување на оваа материја. Судот утврди дека истовремено постојат две норми, односно две правни правила за утврдување на основицата на платата oпфатени во еден ист закон, односно едното е член 11 од Законот, според кое, основицата се определува според просечната плата остварена во претходната година што ја утврдува Државниот завод за статистика, а второто правило е оспорената одредба од член 4 во кој основицата е утврдена во фиксен износ од 25.726 и која со усогласувањето од 4 отсто (предвидено со второспорената одредба) изнесува 26.755,оо денари што е всушност основица која е моментално во сила односно примена.

Поради наведеното, Судот оцени дека укинатите одредби не се во согласност со членот 8 став 1 алинеја 3 од Уставот, согласно кој владеењето на правото е темелна вредност на уставниот поредок.

Уставниот суд поведе постапка за овој предмет У.бр.113/2022 на 25 јануари, кога се одржа 3. седница од 2023 година кога беше исцрпена дискусијата. Подносител на иницијативата е адвокат Бојан Стојевски

Покрај предметот У.бр.113/2022 од дополнетиот дневен ред за оваа седница, на седницата како што велат од Уставниот суд, беа утврдени и нацрт-текстови на три претходно донесени решенија.

Tags: Закон за платаУставен суд
Next Post

Јајцата и оризот со замрзната цена до 30 април

Shortcut

Најново

Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

СДСМ бара Национален оперативен штаб и конкретни мерки за заштита од западно-нилската треска

August 13, 2026

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 12, 2026
Фото: СКРМ

СКРМ и Министерството ќе формираат работни групи за Колективниот договор и Законот за култура

August 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk