Со тага се простуваме од македонскиот театарски, филмски, телевизиски глумец и хуморист, Димче Мешковски. Неговите улоги децении наназад се толкувани, прекажувани, наградувани и никој од нас не оставаа рамнодушен, сподели премиерот Димитар Ковачевски во својата порака.
„Гледајќи го на сцена, предизвикуваше радост и гнев, хумор и солзи. Мешковски по ведрина и дух беше и најголемо дете од сите деца кога работеше за најмладите. Димче Мешковски припаѓаше на генерацијата актери кои со храбри настапи на јавната сцена поместуваа граници и беа солидно богатство за нашата култура и уметност.
Изразувам длабоко сочувство до семејството Мешковски.
Вечна ти слава Голем Човеку! Твоите дела ќе останат вечни“, истакна премиерот.