Со зачленувањето во НАТО заокруживме една од стратешките цели на државата, изјави пратеникот на СДСМ, Дарко Каевски во гостувањето во Топ тема на Телма.
Веќе имаме затворено едно големо поглавје и сега останува второто поглавје, а тоа е членството во Европската унија. Видовме колку многу придобивки носи членството во НАТО, дава сигурност особено со она што се случува на тлото на Европа, со руската агресија во Украина. Самата желба на Шведска и Финска да бидат час поскоро во НАТО ги покажува мудрите одлуки што сме ги донеле, истакна Каевски.
Тој додаде дека за минатата година имало странски директни инвестиции во вредност од 735,8 милиони евра.
Тоа е дополнителен мотив за нашите заложби за членство во ЕУ. НАТО ја дава сигурноста, особено во услови какви што имаме во оваа последна година. Ние го исполнивме ветувањето што го дадовме пред граѓаните. Овие три години увидовме дека имаме правилен исчекор, нагласи Каевски.