ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Блинкен длабоко загрижен, Белата куќа најостро го осудува апсењето на американскиот новинар на Волстрит журнал

March 30, 2023 20:57
in ДЕНЕС, СВЕТ

Од Белата куќа изјавија дека се длабоко загрижени од „вознемирувачките“ извештаи за задржувањето на американскиот граѓанин Еван Гершкович во Русија и најостро го осудуваат овој чин.

– Таргетирањето американски граѓани од страна на руската влада е неприфатливо, истакна портпаролката Карин Жан-Пјер. 

Се наведува дека службеници од Белата куќа и Стејт департментот синоќа зборувале со претставници на „Волстрит журнал“, каде што работи Гершкович. Администрацијата исто така е во контакт со неговото семејство. Стејт департментот е во директна врска и со руската влада „активно работејќи да се осигура конзуларен пристап за Гершкович, соопштија од Белата куќа. 

„Најостро го осудуваме апсењето на Гершкович. Исто така го осудуваме континуираното таргетирање и репресии врз новинарите и слободата на печатот од страна на руската влада,“ рече Жан-Пјер. 

Од Белата куќа повторно истакнуваат дека Американците треба да посветуваат внимание на предупредувањето на владата на САД да не се патува во Русија. Американските граѓани кои престојуваат или патуваат во Русија треба веднаш да заминат, препорачува и Стејт департментот. 

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изјави дека е „длабоко загрижен“ од руското апсење на американски новинар и ги осуди напорите на Москва да ги „казни“ медиумите.

„Длабоко сме загрижени поради широко објавеното притворање на американски државјанин – новинар во Русија“, рече Блинкен во изјавата, мислејќи на новинарот на „Вол Стрит Журнал“, Еван Гершкович.

САД генерално избегнуваат да ги именуваат државјаните уапсени во странство без да добијат формална дозвола од нивните семејства.

Tags: апсењеБела КуќаВолстрит журналЕнтони Блинкенновинар
Next Post

Маричиќ: Секој пратеник во Собранието ќе се соочи со одлуката дали сами ќе се блокираме кон ЕУ

НАЈНОВО

Кузеска: Состојбата е алармантна, над 11.000 фирми не исплатиле плати, владата има 900 милиони евра неисплатени обврски

August 21, 2025

(ВИДЕО) Пожар во Карпош 4, бројни противпожарни екипи го гаснат

August 21, 2025
фото:Х

Кинеската и руската морнарица во заедничка поморска патрола во западен Пацифик

August 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ги изневери граѓаните – падот на поддршката очигледен пред изборите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МНОГУ ПАРИ МАЛКУ МУЗИКА: Политичката мапа и финансирањето на политичките партии во пресрет на локалните избори 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk