Руските сили изминатата ноќ ја нападнале Украина со 10 дронови „Шахед-136“ од кои девет биле уништени од украинските воздухопловни сили, соопшти утрово украинскиот Генералштаб.
Се известува дека руските сили синоќа и лансирале девет ракети С-300 врз цивилната инфраструктура во Харков, пренесува Интерфакс Украина.
Во нападот се оштетени приватна куќа и два автомобили, изјави шефот на регионалната воена управа Олег Синегубов.