Шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба изјави дека една од целите на неговата денешна посета на седиштето на НАТО во Брисел е пристапувањето на неговата земја во Алијансата.
– Приемот на Финска во НАТО покажува дека е дојдено време да се преиспитаат претходните стратегии, посочи Кулеба, додавајќи оти очекува дискусија за стратешкиот план за одржливо снабдување со воена помош на Украина.
Тој додаде дека ќе разговара и за забрзување на испораката на веќе ветената опрема.
– Тука спаѓаат муниција и оклопни возила, истакна Кулеба, кој ќе учествува на состанокот на Комисијата НАТО-Украина.