Министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова денеска ќе потпише договор со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за грант средства обезбедени од Шведска агенција за меѓународна развојна соработка (СИДА), наменети за техничка поддршка за спроведување на проектот „Регионален проект за цврст отпад“.
Како што известуваат од Министерството, покрај овој, ќе биде потпишан и Договор со консултантската куќа „СУЕЗ Консалтинг“ (САФАГЕ) од Франција, чија задача ќе биде да даде помош на проектната единица во МЖСПП одговорна за реализација на заемот од ЕБОР.