На маргини на НАТО Министерскиот состанок, во Брисел, министерот Бујар Османи разговараше со државниот секретар на САД, Ентони Блинкен и советникот на Стејт департментот, Дерек Шоле.
Во фокусот на разговорите беше соработката и активностите во рамки на Стратешкиот дијалог, регионалните актуелности, поддршката за постигнатиот договор меѓу Косово и Србија, како и политичките состојби во земјава.
Шоле и Блинкен изразија силна поддршка за евроинтегративниот процес на Северна Македонија што е споделен стратешки интерес на Северна Македонија и САД и влог во целокупната регионална стабилност.
Министерот Османи денес ја продолжува посетата на НАТО во Брисел, втор ден од НАТО министерскиот состанок со средби со негови хомолози.