Советот на Општина Аеродром на вчерашната седница со мнозинство гласови ја усвои иницијативата на советничката група на партијата Левица споменикот на Андон Лазов Јанев – Ќосето да се постави на територија на општината, во паркот во Горно Лисиче.
Иницијативата на советниците на Левица беше поддржана од советниците на ВМРО-ДПМНЕ.
За оваа иницијатива ќе треба да гласаат пратениците во Собранието и тие да ја донесат конечната одлука.