ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Одржана втората јавна расправа за Предлог законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

April 6, 2023 12:49
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска се одржа втората јавна расправа за Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Во процесот, покрај МИОА, учествуваат и Агенцијата за Аудио и Аудиовизуелни медиумски услуги, Министерство за правда, Министерство за труд и социјална политика и други засегнати институции и чинители, со помош од Европската Унија, преку ИПА проект односно инструментот за поддршка на европските интеграции (ЕУИФ).

„Приоритет на Владата е што побрза интеграција на земјата во ЕУ и во таа смисла и со овие активности покажуваме во пракса, дека нашата посветеност не е само декларативна, туку цврсто остануваме на таа заложба. Нашата цел е создавање медиумски простор за непристрасно и објективно информирање на граѓаните. Слободата на медиумите и плурализмот се дел од правата и принципите содржани во Европската повелба за основните права и во Европската конвенција за човекови права. Европската Комисија ја засили својата работа во оваа област, ставајќи ја слободата на медиумите во срцето на нејзиното известување, во однос на владеењето на правото. Посебно внимание се посветува и на борбата против лажните вести која е од клучно значење во овој момент, земајќи ги предвид глобалните предизвици“, рече министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу.

Во таа насока, министерот ја посочи и приоритетната цел на работната група, да се изработи предлог на Закон усогласен со барањата дефинирани во Директивата за аудиовизуелни медиумски услуги од 2018 година. Станува збор за динамичен, транспарентен и инклузивен процес, за усогласување на националното медиумско законодавство со правото на ЕУ и медиумските стандарди.

Со измените меѓу другото се предвидува создавање на правна рамка која ги опфаќа сите услуги што нудат аудиовизуелни содржини, без разлика која технологија се користи за пренесување на содржините.

Дополнително, потребата за усогласување на националното законодавство со Директивата за АВМУ е поврзана и со учеството на Северна Македонија во програмата „Креативна Европа” на Европската комисија.

„Целите коишто се поставени од страна на Европската Комисија се и наши приоритети: Нашата држава до 31-ви Мај треба да се усогласи со Директивата за аудиовизуелни медиумски услуги и ние силно и посветено работиме за да ја исполниме таа цел“, истакна министерот Алиу, додавајќи дека предлог законското решение третира важни прашања и отсликува клучни реформски чекори кои ќе дадат значајни резултати за медиумскиот сектор и за граѓаните.

Tags: Алиујавна расправаПредлог закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги
Next Post
Конференција „Know How - за Отворен Балкан“. Бања Лука. Фото: BN

Иницијативата Отворен Балкан може да донесе придобивки и за БиХ и за Република Српска

Shortcut

Најново

Од ладна резерва до рекордна добивка: Што се случи со ТЕЦ „Неготино“ во кризата?

August 30, 2026

ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

August 30, 2026

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Триесет часа руски напад врз цивилите во Украина: Расте бројот на жртвите, најмалку 37 загинати

August 29, 2026

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

August 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk