ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Успехот на Отворен Балкан магнет за Црна Гора и Босна и Херцеговина

April 6, 2023 13:29
in PMD, ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Иницијативата Отворен Балкан која беше иницирана од Северна Македонија, заедно со Албанија и Србија прераснува во вистински двигател на економијата и соработката во регионот, а тоа е препознаено од соседните држави и меѓународните партнери.

Растот на трговијата и видливите придобивки од Отворен Балкан за граѓаните и бизнисите, се причина да земјите како Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово почнат да дебатираат и размислуваат за приклучување кон иницијативата.

Вчера во Бања Лука беше одржана конференција „Know how – за отворен Балкан“ на која се разговараше за иницијативата Отворен Балкан и какви придобивки би имале Босна и Херцеговина и Република Српска доколку се приклучат на истата.

„Сведоци сме денес на големи гужви во превозот и транспорот на роба и луѓе. Оваа иницијатива ќе ни овозможи се тоа полесно да функционира помеѓу државите членки“ истакна Златан Клокиќ, министер за европски интеграции и меѓународна соработка на Република Српска.

Сличен став имаше и Томислав Момировиќ, министер за внатрешна и надворешна трговија на Република Српска, според кој мора да се препознае овој политички момент кога Балканот мора економски да се поврзе и да се укинат непотребните гранични процедури, бидејќи само така може да се генерираат нови инвестиции и да се зголеми трговијата со цел подигнување на стандардот.

Поддршка и најава за можно приклучување во иницијативата Отворен Балкан пристигна и од новиот црногорски претседател, Јаков Милатовиќ според кого целта треба да остане членството во ЕУ, но во меѓувреме треба да се работи на зајакнување на економската соработка.

„Регионалната економска интеграција, дали преку договорот за слободна трговија ЦЕФТА, дали преку Берлинскиот процес или преку иницијативата започната од самите земји од Отворен Балкан и се што оди во корист на граѓаните и нашата економија треба да се поддржи и на тоа активно да се работи“ изјави Милатовиќ по изборот за претседател на Црна Гора.

Поддршка за приклучување кон иницијативата Отворен Балкан има и од цроногорскиот премиер Дритан Абазовќ, кој е на ист став како Милатовиќ дека секоја иницијатива која ќе помогне во остварување на целта за членство во ЕУ и подобрување на сорабоката и економијата треба да се поддржи.

Tags: Босна и ХерцеговинаОтворен БалканЦрна Гора
Next Post

МЗ се уште го чека извештајот од обдукцијата на шестгодишното девојче кое почина во битолската Болница

Најново

СДСМ: Граѓаните скапо ги плаќаат „бајките“ на Мицкоски додека трошоците за живот растат

April 20, 2026

Поповски: Убедлива победа на Радев во Бугарија – „Прогресивна Бугарија“ освои самостојно мнозинство

April 20, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Матка

Дневен хороскоп со Анис – 20 април 2026

April 20, 2026

Партијата на Румен Радев, победник на изборите во Бугарија

April 19, 2026

Филипче: СДСМ бара замрзнување на цените и посебни мерки за ранливите категории

April 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk