Составот на работната група за уставни измени во Северна Македонија денеска ќе стане јасен. Ова тело ќе треба да ги разработи текстовите на преамбулата за влез на Бугарите и другите помали заедници во основниот закон.
Сето ова е неопходно за земјава да ги започне преговорите со Европската Унија.
Премиерот Димитар Ковачевски најави дека ќе почне да се работи за измени на Уставот, без разлика што опозициските партии нема да учествуваат во процесот.
Пред само неколку дена оваа тема стана повод за нови искри меѓу Софија и Скопје. Властите во Северна Македонија го отфрлија предлогот Бугарија да учествува во расправата за измените на основниот закон.