Министерот за здравство Венко Филипче, на денешниот настан по повод промоција на реновираниот вакцинален пункт во Поликлиника Ѓорче Петров изјави дека во периодот што следува дополнително ќе се зајакне и Службата за итна медицинска помош со 70 возила.
„Во период што следува дополнително ќе се зајакне и Службата за итна медицинска помош со возилата коишто ги очекуваме – набавени преку Министерството за здравство и со донација од Кина. 70 возила ќе бидат соодветно дистрибуирани, пред се да се зајакне службата во Скопје, но и во сите итни служби и патронажни сервиси ширум државата“, потенцираше Филипче.