ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ФОТО) Креативно активистичка акција за рибокрадството со употреба на струја во струмичкиот регион

April 12, 2023 12:41
in ZOOM IN, ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Креативно активистичка акција на Центарот за современи уметности од Скопје, посветена на проблемот со се позачестените појави на рибокрадство со употреба на струја во струмичкиот регион.

Инсталацијата е поставена на градскиот плоштад во Струмица.

Како што нагласуваат, идејата за оваа акција потекнува од група еколози и спортски риболовци собрани околу платформата „Корморани“ која се залага за зачувување на водените екосистеми и одржлив спортски риболов.


„Во последно време членови на платформата „Корморани“ и многу други спортски риболовци и еколози сведочат за се позачестените појави на рибокрадство во струмичкиот регион особено на акумулациите Турија и Водоча и на реката Струмица. Уловените риби нелегално се продаваат на пазарите и други канали без почитување на хигиенскo санитарни мерки, ладен синџир на достава и најчесто се бајати и полурасипани. За жал освен спортските риболовци надлежните институции не преземаат никакви посериозни чекори за спречување на овие појави кои го уништуваат рибниот фонд. Она што е особено загрижувачко е што покрај мрежи и други недозволени алатки рибокрадците се почесто користат и електронски направи за неселективно убивање на рибите со висок напон и висока електролитска фреквенција. Според најновите податоци од истражувањата на Европската агенција за безбедност на продуктите и храната, рибите и останатите водени организми убиени/уловени со струја и слични инструменти кои користат електролитички процеси се небезбедни за човекова исхрана и за исхрана на домашните животни. Во процесот на усмртување на рибите со електролитична висока фреквенција доаѓа до промена на молекуларната структура кај рибиното месо. Овие молекуларни промени на меките ткива ја менуваат структурата на месото со што истото станува неподобно и опасно за исхрана, а забележани се и појави на канцерогени клетки и структури кои претставуваат сериозна закана по човековото здравје“, истакнуваат од Центарот за современи уметности од Скопје.


„Поради овие факти со цел заштита на човековото здравје и заштита на рибниот фонд заедно со платформата „Корморани“ ја иницираме оваа акција за да се подигне јавната свест и да не се купува илегално уловена и непроверена риба но и да предизвикаме реакција кај надлежните посериозно да се зафатат со контрола и спречување на илегалниот риболов. Периодот на мрест на рибите допрва започнува, затоа да им дадеме шанса на рибите, да им овозможиме шанса на наредните генерации да уживаат во благодетите на природата и да не дозволиме крупни на криминалци да го уништуваат она што природата ни го дава а спортските риболовци го негуваат со децении“, нагласуваат од Центарот за современи уметности од Скопје.

Акцијата стоп за рибокрадците е во продукција на програмата за уметнички и креативен активизам на Центарот за современи уметности од Скопје, во соработка со платформата риболовци „Корморани“.

Ј. Ѓ.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: активистичка акцијарибокрадствоуметничка инсталацијаЦСУ
Next Post

Oсмани: Подготвени сме да го споделиме нашето искуство и да ги поддржиме Азербејџан и Ерменија во враќањето на преговарачката маса

НАЈНОВО

Фабриката „Винчини“ во Виница зафатена од пожар

September 6, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ на протест во Кочани: Бараат правда и брза судска одлука

September 6, 2025

Малолетник се сомничи за обид за убиство на таткото

September 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија со вмро е како проститутка на масажа во салонот на Мевосекот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски и Дарио Панковски: На 13 Септември голем концерт во Паркот на франкофонијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Бујар Османи: Или сме во ЕУ, или стануваме дел од српско-рускиот свет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европратениците пристигнаа во Србија и брзо ја напуштија земјата: „Вучиќ не навредуваше и ни се закануваше“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk