ФБИ го уапси гардистот од военото воздухопловство на САД, Џек Тешеира (21) поради кражба на американски доверливи информации, јавија светските агенции.
Американскиот државен обвинител Мерик Гарланд рече дека ФБИ го успасило Тешеира во врска со „истрагата за неовластено одземање, задржување и испраќање на доверливи информации за националната одбрана“.
?#BREAKING: A Air National Guard member has been taken into custody due to a classified documents discord leak
Just moments ago Law enforcement and other Federal agents agencies have made an arrest and searched the home of a 21-year-old Jack… pic.twitter.com/cD6bo7EkYa
— R A W S A L E R T S (@rawsalerts) April 13, 2023
Тој додаде дека Тешеира ќе остане во притвор, а потоа ќе биде изведен пред федералниот суд во Бостон. ФБИ соопшти дека неговите агенти го уапсиле и дека ја продолжуваат истрагата во неговиот дом во Норт Дајтон, Масачусетс.