Експлозивна направа оштетила автомобил од обезбедувањето на бугарскиот главен обвинител во момент додека се движел на патот Софија – Самоков.
Според првични информации на бугарски медиуми пред еден од автомобилите од обезбедувањето била активирана експлозивна направа. Засега не е јасно дали главниот обвинител Иван Гешев бил во некој од автомобилите. Повредено е лице од обебзедувањето.
Патот е затворен и се врши истрага, јавија бугарските медиуми.