ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

(ИЗБОР) Албански медиуми: Во Албанија од денеска „распуштени“ 9 судови и обвинителства; Курти и Вучиќ ќе се сретнат во Брисел

May 2, 2023 11:06
in PMD, ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Во Албанија од денеска почнува втората фаза од имплементацијата на новата судска мапа, во која се затвораат 9 судови и првостепените регионални обвинителства, како дел од судските реформи.

Косовските медиуми меѓу другото, известуваат за денешната средба помеѓу премиерот Албин Курти и српскиот претседател, Александар Вучиќ  во Брисел.

Ова се дел од темите што редакцијата на ЦИВИЛ Медиа ги издвои од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-ПРЕС.

АЛБАНИЈА

Сури: Нова судска мапа/ Од денеска „распуштени“ 9 судови и обвинителства

„Со втората фаза од имплементацијата на новата судска мапа од денеска се затвораат 9 судови и првостепените обвинителства во реоните.

Затворени се Основните судови во Тропоја, Мати, Курбин, Пука, Круја, Каваја, Лушња, Пермет и Поградец.

Според Високиот совет на обвинителството, заедно со нив се споени и соодветните обвинителства на овие судски области, што доведе до испраќање на правосудни органи и претставници на обвинителството во новите институции на правдата.“, пренесе албанскиот портал Сури.

Балкан Веб – Избори без решение за историскиот бастион на десницата“, БИРН: Тропоја меѓу двајцата кандидати

Ова не се избори за решенија“, вели Кетрин Бон, американска активистка која со години живее во Тропоја.

„Ниту една од партиите или кандидатите што ги застапуваат нема презентирано програми. Не забележав некој гласач да каже дека ќе гласам за овој кандидат, дека направил нешто за да ми го подобри животот“, вели Бон, во репортажата на БИРН, објавена во Балкан Веб.

КОСОВО

ТВ21: Курти и Вучиќ денеска се среќаваат во Брисел

„Косовскиот премиер Албин Курти денеска во Брисел ќе се сретне со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

На оваа средба се очекува главна тема да биде предлог-статутот на Заедницата на општините со српско мнозинство.“, пренесе косовската ТВ 21.

Шќип: Хакери ги нападнаа веб-страниците на Претседателството, Кабинетот на Премиерот и Обвинителството на Косово

„Се чини дека веб-страниците на трите најважни институции во земјата се под сајбер напади.

Веб-страниците на Претседателството, на Кабинетот на премиерот и на Обвинителството на Косово вечерва излегоа од функција.

Засега нема официјална потврда за причините за падот на онлајн-страниците, но се известува дека и сајбер нападите се вратиле во медиумите во земјава.“, пренесе косовскиот портал Шќип.

Перископи – Српски аналитичари: Србија со разочарувачки пристап кон Косово

„Аналитичарите во Белград сметаат дека е важна средбата на косовскиот премиер Албин Курти и претседателот на Србија Александар Вучиќ на 2 мај во Брисел. Додека тема на разговор ќе биде Здружението, српските аналитичари оценуваат дека Србија има разочарувачки пристап кон Косово, наведувајќи го и прекршувањето на Охридскиот договор.

Средбата на највисоко политичко ниво Косово-Србија може да биде стожерна точка, по период на тензии. Вака експертите ги оценуваат случувањата во Белград.“, пренесе Перископи.

КОЛУМНА

Сури нет. Косова: Падот на „Првомајски Уранак“ во Герми

“Првомајскиот пикник во Герми е целосна имитација на српскиот начин на прославување на 1 мај. Овој метод исто така има име. Се вика „Првомајски Уранак“. Наутро, пријателите, колегите и семејствата се собираат за да одат на одредено место во природа, каде што ги организираат активностите  се познати како „Скара на отворено“, кои вклучуваат подготовка на храна на отворено, чие консумирање е придружено со музика, игри и различни пијалоци. Во времето на Социјалистичка Југославија, овој тип на славење беше во склад со идеолошките барања на режимот, кој 1-ви мај го славеше со паради и преполни државни активности, бидејќи себеси се нарекуваше работничка држава.“, извадок од колумната „Падот на „Првомајски Уранак“ во Герми“, од авторот Блерим Латифи, објавена во косовскиот портал Сури.

Д. Тахири / Цивил Медиа

Tags: Албански медиумирегион
Next Post

Разговор со писателката Сања Михајловиќ-Костадиновска во Градската библиотека во Скопје

Shortcut

Најново

Петрит Сарачини

Зошто јавноста ги третира поинаку невладините кадри на функции во времето на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ? 

August 20, 2026

Филипче: СДСМ бара минимална плата од 600 евра – законот го поднесуваме повторно во Собранието

August 20, 2026
Фото: Влада

Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

August 20, 2026

Филм „Џган“ на Вардан Тозија слави 10 години, проекција на отворената катна гаража во Скопје Сити Мол

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Крвавиот биланс расте по рускиот напад врз цивилни цели во Кијив: Спасувачите пребаруваат урнатини, има најмалку 14 загинати, според дел од извештаите и повеќе

August 20, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk