Екс-премиерот Зоран Заев во објава на Фејсбук напиша дека најновиот индекс на Репортери без граници со кој Северна Македонија се искачува на 38 место од 180 оценети држави е уште една потврда за исправноста на патеката на која е поставена државата и за исправноста на социјалдемократските политики од 2017 година наваму.
„Слободата на медиумите е една од најважните вредности и продобивки за која се боревме и која почнавме да ја освојуваме уште од времето кога го уривавме режимот. Треба да сме горди што веќе седма година по ред, растот на медиумските слободи е постојан, видлив и во нагорен тренд“, вели Заев.
Екс-премиерот им упати честитка и на медиумските работници, и на властите, а особено на граѓаните што во ниту еден момент не отстапија од оваа демократска определба.
Тој додаде дека ваквите слободарски и демократски трендови носат трајна промена во нашето општество.
М. П.