Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) упати апел до своите членки и до сите медиуми да се држат до професионалните стандарди при известувањето за убиството на ученици во основното училиште „Владимир Рибникар“ во Белград, Србија.
Во обраќањето до медиумите, СЕММ потсетува на основните начела (членовите 1, 7, 8 и 15 од Кодексот на новинарите, кои налагаат да се известува одговорно, без сензационализам, без непотребни детали и шпекулации околу трагедијата.
„Да се пренесуваат само проверени информации и официјални извори, со почит кон жртвите, приватноста и болката на семејствата“, се вели, меѓу другото, во апелот на СЕММ.
Советот за етика во медиумите ги повика и граѓаните кои ќе се соочат со медиумски текстови и прилози вон пропишаните стандарди да пријават на ЛИНКОТ за поплаки.
Извор: Цивил