Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски во рамки на работната посета на Њујорк, синоќа се обрати на приемот во седиштето на Обединетите Нации, по повод 30 години од членството на Република Северна Македонија во ОН.
„Потпишаните Охридски договор, Преспански договор како и Договорот за добрососедство, се потврда на постојаната посветеност да се поплочи патот за тековен и иден развој на земјата кон отворен дијалог. Нашата земја, Северна Македонија, има посебен бренд на дипломатија покажан преку конструктивен дијалог, за да се решат отворените прашања. А сите овие прашања беа идентитетски. Ако има место на светот каде што постои доказ дека дипломатијата функционира за решавањето идентитетски прашања, тогаш тоа е Северна Македонија.
Дополнително, како претседавач со ОБСЕ за 2023 година, нашата земја ги промовира овие суштински начела кои потекнуваат од Повелбата на ОН и чија потврда денес е потребна повеќе од кога било. Цврсто веруваме во ОН и нејзините вредности. Цврсто веруваме во нашиот заеднички потенцијал да промовираме инклузивни, ефективни и одржливи глобални влади врз основа на правилата и начелата на меѓународното право.
Пред 30 години и денес, нашите амбиции сè уште се исти. Почит за човековите права и фундаменталните слободи, демократијата и економски развој и решавање на заеднички прашања што ја засегаат нашата планета“, вели Ковачевски.







