ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

„Блокадите на ВМРО-ДПМНЕ мора да бидат поразени“: СДСМ го поддржува носењето на законите за Коридорите

May 5, 2023 14:41
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ВМРО-ДПМНЕ две недели води хајка против изградбата на делниците од коридорите 8 и 10Д и против реномираната американска компанија Бехтел. Законите коишто се во интерес за побрза изградба на овој стратешки проект од национален интерес го блокираа во Собранието заедно со Левица. Наместо побрзо и поевтино, оваа блокада на ВМРО-ДПМНЕ и Левица би ги чинела граѓаните 150 милиони евра и дополнително загубени 2 години, нагласи на денешната прес-конференција пратеникот на СДСМ, Миле Талевски.

Тој посочи дека иако ВМРО-ДПМНЕ бараше Договорот да биде претставен во Собранието, не кажаа кога и на која комисија би се разгледувал цела недела. – Се покажа дека единствена нивна цел е да го блокираат стратешкиот проект, да шират невистини и да водат хајка против овој национален проект од големо значење, додаде Талевски.

Како што тој рече, СДСМ и парламентарното мнозинство нема да дозволат ВМРО-ДПМНЕ да направи хаос од изградбата на коридорите.

– Нема да дозволиме да ги чинат граѓаните поскапо за 150 милиони евра и со години да се градат. Нема да дозволиме да се повтори хаосот како на автопатот Кичево – Охрид кој го направи ВМРО-ДПМНЕ. Пратениците на СДСМ ги поддржува предложените измени на пет закони поврзани со изградбата на делниците од коридорите со европско знаменце. Целта е делниците од коридорите да се изградат и побрзо и поевтино за 150 милиони евра. Бидејќи коридорите ЕУ ги впиша во картата на европски коридор и станува збор за стратешки регионален проект од гео-стратешко значење. Сите предложени законски измени се во согласност со Уставот и со нивното донесување ќе се заштедат 150 милиони евра и две години изградба. Ова е најголемиот проект во инфраструктурата во историјата на државата, во вредност од 1,3 милијарди евра. Од тие средства, најмалку 600 милиони евра ќе завршат кај наши, домашни компании. Со изградбата на коридорите македонската економија добива пристап до две нови пристаништа, она во Драч и она во Бургас и наместо кружен ток, конечно станува вистинска крстосница, нагласи тој.

Талевски вели дека покрај унапредување на инфраструктурата, изградбата на овие коридори, носи и економски придобивки, со отворање на 8.000 нови работни места и номинален раст на БДП од два отсто годишно.

– Блокадите на ВМРО-ДПМНЕ мора да бидат поразени. Ние како пратеничка група ќе ги искористиме сите механизми овие законски измени да бидат донесени во соодветна процедура со цел тие побрзо да бидат имплементирани. СДСМ продолжува со реализација на стратешките национални проекти, подвлекува Талевски

Tags: ЗакониКоридориСДСМ
Next Post

Проф. Јоаниду од Универзитетот во Солун: Центарот за македонски јазик е прашање на факти, a нe на предрасуди

Shortcut

Најново

Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

СДСМ бара Национален оперативен штаб и конкретни мерки за заштита од западно-нилската треска

August 13, 2026

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 12, 2026
Фото: СКРМ

СКРМ и Министерството ќе формираат работни групи за Колективниот договор и Законот за култура

August 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk