Ненад Коциќ, пратеник на СДСМ од Велес, на Фејсбук објави фотографија од поставени фотоволтаични панели во гимназијата „Кочо Рацин“ од Велес, но, како што вели, на погрешна страна.
Коциќ, нагласува дека половина од панелите се насочени кон север. Поради оваа грешка, дел од инсталацијата нема да работи со полн капацитет, вели Коциќ.
„Со средства од Владата и МОН општините местат фотонапонски панели за сопствено производство на струја во училиштата.
Кој ПАМЕТЕН постави скоро 1/2 од панелите насочени кон север?
Дали основниот проект е згрешен или изведувачот толку си ја знае?“, прашува Коциќ