Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен пристигна во Кијив за да го прослави Денот на Европа заедно со Украинците и изјави дека Украина е дел од едно европско семејство, објави таа на својот Твитер профил.
Good to be back in Kyiv.
Where the values we hold dear are defended everyday.
So it is such a fitting place to celebrate the day of Europe.
I welcome President @ZelenskyyUa‘s decision to make 9 May Europe Day also here in Ukraine. pic.twitter.com/MEGOEfgyIq
— Ursula von der Leyen (@vonderleyen) May 9, 2023
„Добро е што се вратив во Кијив. Онаму каде што вредностите што ни се драги се бранат секојдневно. Значи, тоа е толку соодветно место за да се прослави денот на Европа. Ја поздравувам одлуката на претседателот Зеленски да го одбележи 9 мај Денот на Европа и овде во Украина. ,” напиша Фон дер Лајен.
Европската комисија претходно потврди дека го подготвува 11-тиот пакет санкции против Русија, чија цел е да се зголеми ефикасноста на рестриктивните мерки на ЕУ против Русија и да се спречат обидите на трети земји да ги заобиколат овие санкции, особено преку извоз во Русија на стоки и технологии кои подлежат на ограничувања на санкции.
Подготви: Ј. Ѓ.