ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Украинската војна и европскиот идентитет

Со војната во Украина длабоко навлезена во нејзината втора година, европски политичари ширум политичкиот спектар сè уште се желни да ја покажат својата поддршка за земјата. Но, битка за душата на Европа се готви под површината, а изборите на Европскиот парламент следната година, би можеле да послужат како нејзино прво бојно поле.

May 11, 2023 13:34
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, СВЕТ, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: МАРК ЛЕОНАРД / PROJECT SYNDICATE

До изборите на Европскиот парламент има уште една година, но политичките партии низ Европската унија веќе се префрлени во режим на кампања. Иако изборите несомнено ќе се карактеризираат со широк спектар на ставови во однос на климатските промени, имиграцијата и религијата, има едно прашање кое се чини дека ги обединува политичиарите од сите убедувања: војната во Украина.

Повеќе од една година откако рускиот претседател Владимир Путин ја нападна Украина, сите мејнстрим европски партии сè уште ја пеат истата химна кога станува збор за поддршка на украинската кауза. Но, појавата на единство го маскира растечкиот конфликт околу душата на Европа: нејзината концепција за слободата. Иако е широко признато дека борбата на Украина претставува борба за демократија и европски вредности, исто така, сè повеќе е јасно дека победата ќе бара Европа да се откаже од некои од клучните елементи на сопствениот проект за слобода. Ова е парадоксот на слободата во Европа.

Во текот на изминатиот половина век, европските земји развија концепт на слобода што се потпира на универзализам, отфрлање на воена сила, економска независност, здружен суверенитет и идеја за Европа како единствен ентитет заснован на збир на заеднички институции. Оваа визија е тоа што ја разликува ЕУ од други региони, па дури и од нејзините земји членки. Но, војната во Украина ги доведе во прашање основните начела на блокот – и го отвори патот за скептичните национални лидери да ги предизвикаат истите.

Додека Европејците претходно го гледаа нивниот проект како пост-национален, тие сега признаваат дека моделот на ЕУ е исклучителен наместо универзален. Во текот на изминатата година, европските креатори на политики станаа сè повеќе фиксирани на зајакнување на границите на ЕУ против други политички проекти на Исток и Југ.

Следствено, европската интеграција, која најпрво се стремеше да осигура мир на континентот, е трансформирана – ако не сосема во „воен“ проект, тогаш барем во вооружен проект за мир и безбедност. Европските институции, кои еднаш се потпираа на мека моќ, сега ѝ обезбедуваат воена опрема на Украина и го одобруваат повторното вооружување, а Европската комисија ја вооружи економијата на ЕУ преку санкции и ја забрза транзиција кон воена економија, комплетно со поставување лимити и контроли на цената на енергијата.

Но, најдраматичната промена во европското политичко размислување е повторното разгледување на меѓузависноста. Европската интеграција се засноваше на верувањето дека продлабочувањето на економските врски помеѓу земјите може да ги трансформира поранешните противници во сојузници. Но, како што Путин покажа, меѓузависноста може да биде искористена и како алатка за изнудување.

Со децении, главната цел на европскиот проект беше да се скроти национализмот преку здружување на суверенитетот. Но сега, Европејците препознаваат дека суверенитетот мора да биде заштитетн пред да може да биде здружен. Транснационалниот правен систем на ЕУ не може да служи како универзален план за целиот континент, а не пак за светот.

Во раните фази на војната, тензијата помеѓу либералните вредности на ЕУ и нејзината воена мобилизација беше помалку нагласена. Технократската Европска комисија го поддржа воениот напор преку застапување на мерки за вооружување и морално зајакнување на Украина во нејзината борба против руската агресија. Одлуката да ѝ се додели кандидатски статус на Украина претставуваше исклучителен чекор за блокот – брак помеѓу геополитичките императиви и алатките на бирократијата насочена кон процесите.

Во меѓувреме, и левицата и десницата мораа да ги прилагодат своите позиции за да најдат заеднички јазик за Украина. Европските либерали станаа помалку отпорни на национализмот и поусогласени во однос на неопходноста од користење на сила против Русија, а десницата принудена повторно да го процени својот став во однос на улогата на ЕУ како стратешки актер.

Глобалната финансиска криза од 2008 година и бегалската криза од 2015 година ја катапултираше екстремната десница во првите редови на политичката дебата. Но, неуспехот на Брегзит, заедно со пандемијата Ковид-19, доведе до пад на евроскептицизмот, при што мејнстрим партиите имаа корист од желбата на јавноста за стабилност. Анкетите на Европскиот совет за надворешни односи покажаа дека за време на овие кризи, многу гласачи кои се десно ориентирани препознаа дека суверенитетот може да се врати преку колективна акција и многу поранешни евроскептични партии се откажаа од своите ветувања да ја напуштат ЕУ или да го напуштат еврото.

Гласачите ширум блокот претрпеа слична промена. Последното истражување на јавното мислење на Европскиот совет за надворешни работи покажува заматување на традиционалната левичарска-десничарска поделба во однос на геоплотичките прашања и растечка фузија на национализмот и космополитизмот под европската идеја за слобода. Оваа промена, поттикната од војната во Украина, оди во сржта на тоа за што навистина се работи во европскиот проект, а на долг рок ќе доведе до битка за европскиот идентитет. Во тој однос, претстојните европски избори може да послужат како предводник.

Иако европските партии моментално се обидуваат да се надминат едни со други во покажувањето поддршка за Украина, трнливи прашања како што се водењето на војната, третманот на бегалците и тоа како повоена Украина би била интегрирана во ЕУ, би можеле повторно да ја поделат Европа. Доколку настапи замор од војната, бегалската криза и високите трошоци за живот, европските избори во 2024 година би можеле да станат ново бојно поле.

Марк Леонард e директор на Европскиот совет за надворешни односи

Превод: Наташа Цветковска. 


Текстот е преземен од Project Syndicate и објавен на FRONTLINE. Линк до оригиналот: The Ukraine War and European Identity. Понатамошно преземање не е дозволено без писмена дозвола од Редакцијата.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: PROJECT SYNDICATEЕУМарк Леонардсвропски идентитетУкраина

НАЈНОВО

Нема нови сомнителни случаи на мајмунски сипаници

May 24, 2025

(ВИДЕО) Клоп не е задоволен од критиките на навивачите на Ливерпул кон Трент

May 24, 2025

Салах прогласен за играч на сезоната во Премиер лигата

May 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Британците не дале толку пари на цел Комонвелт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која нација ѝ припаѓале Св. Кирил и Методиј и кој јазик го говореле?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Зоран Кардула претстави 120 портрети на познати личности со влашко потекло, Небојша Гелевски го додаде Кардула

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Кирил и Методиј ни го оставија најголемиот подарок — писмото, словото, гласот на нашиот идентитет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Тендер на Тошковски од четири милиони евра за фирми регистрирани пред тендерот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk