ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Српската опозиција поднесе барање до Владата за оставки на Гашиќ и Вулин и за утре најави протест и блокади

May 11, 2023 14:22
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Народните пратеници на проевропската опозиција денеска пред Владата на Србија ги повикаа „сите граѓани, организации и здруженија“ да им се придружат утре во 18 часот на протест на кој ќе го блокираат и мостот Газела, за кој најавија дека е само „блокада за предупредување“ доколку не ги исполнат барањата и доставија до Владата подготвен текст на оставки, кои треба да го потпишат министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ и шефот на БИА, Александар Вулин, јави дописникот на МИА од Белград.

– Утре во 18 часот ги повикавме сите граѓани, сите организации, здруженија да дојдат пред Народното собрание, каде по собирот ќе се упатиме кон Газела. Планот е да се блокира Газела два часа како прв знак за предупредување додека не се исполнат барањата, изјави пред насобраните Александар Јовановиќ Чута, пратеник на коалицијата Мораме-Заедно.

Тие ги поканија и оние граѓани кои не можат да дојдат во Белград да ги блокираат улиците и плоштадите во нивните градови.

– Србија мора да застане додека не се исполнат овие барања. Утре е протест за блокада за предупредување, потоа ќе повикаме на повторни блокади, само што тие ќе бидат подолги, рече Јовановиќ.

Обраќањето на опозицијата почна со говорот на Јовановиќ, кој ги повтори барањата на опозицијата, меѓу другото, разрешување на министерот за внатрешни работи Братислава Гашиќ и првиот човек на БИА Александар Вулин.

– Бараме од Братислав Гашиќ и Александар Вулин да го направат единственото нешто што можат, а тоа е веднаш да се повлечат од своите позиции. Во име на сите мои колеги зад мене, им порачувам дека е подобро тоа да го направат сами отколку народот да ги смени на улица, рече Јовановиќ.

Тие ова барање го доставија до писарницата на Владата на Србија.

Од проевропската опозиција бараат и да знаат зошто претседателот на Народното собрание, Владимир Орлиќ, не сакал да ги прими пратениците и да разговара со нив за барањето да се одржи седница на српскиот Парламент, на која, како што претходно најавија, ќе се разговара за одговорноста и безбедноста во земјата.

– Затоа, како што велат, доколку владините претставници не сакаат да разговараат во Собранието, утре ќе разговараат на Газела, изјави Јовановиќ Чута.

Тие ги повторија своите барања од понеделникот кога побараа смена на раководството на РЕМ, како и суспендирање на националните фреквенции на ТВ Пинк и ТВ Хепи за кршење на законот за, како што велат, „запирање на труењето“ на граѓаните.

Tags: барањаопозицијаоставкиСрбија
Next Post
фото: Твитер

Најмалку четворица повредени при експлозијата во Милано

Shortcut

Најново

Случај „Мазут“: Може ли да има кривично дело ако нема утврдена штета?

June 6, 2026
Анаис, хороскоп, мотиви Охрид

Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

June 6, 2026

„Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

June 5, 2026

Преполна сала и огромни пофалби за премиерата на „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на фестивалот „Трибека“ во Њујорк

June 5, 2026

(ВИДЕО) Архангел ја враќа суровата магија – „Дни оловни“ – песна со возвишен рок сензибилитет

June 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски ја има третата власт на speed dial

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk