„Нашата иднина е европска и преку изградба и модернизација на коридорите земјава ќе ја доближиме чекор поблизу до европското семејство на развиени земји. Преземавме обврска пред граѓаните, Република Северна Македонија да биде подобро место за живеење. И таквата обврска ја реализираме на терен“, изјави денеска Министерот за транспорт и врски, Благоја Бочварски на настанот по повод започнување на изградбата на автопатската делница Прилеп-Битола на Коридор 10 д.
„Сакам да се обратам до сите жители од овој регион – Пелагонискиот регион го градиме и економски го правиме уште посилен и поразвиен.
Нашата порака до целиот бизнис сектор е следна: Реализирајте ги вашите бизнис планови и инвестирајте овде, а државата преку реализација на ваквите проекти ви помага да бидете поконкурентни и посупешни.
И заради тоа, инвестираме во изградба на нов експресен пат од Градско до Прилеп – следната година ќе возиме по нов експресен пат.
Комплетно го реконструиравме Плетвар.
Започнуваме со најголемиот инфраструктураен проект – изградбата на оваа автопатска делница од Прилеп до Битола.
Го реконструираме патот од Битола до границата со Грција, а во истовреме проектираме нов експресен пат исто така од Битола до граниниот премин Меџитлија.
Изградивме магистрален гасовод низ цела Пелагонија.
Ова се инвестициите со кои комплетно го подигнуваме Коридорот 10-Д почнувајќи од автпатот од Градско се до границата со Грција на повиско и поквалитетн ниво од сегашниот патен правец.
Инвестирајќи во модерни патишта, создаваме услови за подобра и просперитетна иднина за сегашните и идните поколенија.
Северна Македонија мора да биде инфраструктурно средена држава, економски центар и вистинска крстосница на Балканот”, се обрати министерот Бочварски.