Активистот Ацо Лукароски во објава на социјалните мрежи пишува за националистичкиот наплив на неговата Фејсбук пријателка.
Кога ќе се разбудиме од кошмарот „Соживот“ и ќе сфатиме дека единствениот концепт за нас Македонците, е „Македонија на Македонците“?, вели таа.
Залудно со години се обидувам на тие патриоти да им објаснам дека таквите пароли се типични за сиромашните африкански, азијски и јужноамерикански држави. Таму национализмот е на највисоко ниво. До небо високо. И бидејќи со тоа се окупирани, затоа се сиромашни, стои во објавата на Лукароски.
Тој истакнува дека богатите држави не губат време и нерви на такви работи.
Никогаш нема да слушнеш Норвешка на Норвежаните, или Холандија на Холанѓаните. Таков „патриотизам“ има во Северна Кореја, а нема во Јужна Кореја. Затоа Севернокорејците се борат да преживеат, а Јужнорејците се со полни фрижидери и со полни џебови.
Воден од своето искуство, Лукароски заклучи дека луѓето на кои патриотизмот им е приоритет, вообичаено се борат за егзистенција.
Имам прошетано по многу држави во светот. Имам, на пример, посетено и 26 карипски држави. Во оние карипски држави каде што докажувањето патриотизам им е приритет број 1, луѓето се облечени во стара и скината облека, одат по улици, пеат патриотски песни, палат странски знамиња и… појма немаат како да обезбедат пари за леб.
Објавата Лукароски ја заврши со цитат од – Justin DaMetz “Patriotism is overrated” (Патриотизмот е преценет).
М. П.