ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Избори во Турција: Државната новинска агенција тврди дека Ердоган води со 10% разлика, опозицијата го тврди спротивното

May 14, 2023 20:54
in ZOOM IN, ДЕНЕС, СВЕТ
Мансур Јаваш и Екрем Имамоглу на постизборна прес конференција во Анкара, 14 мај 2023

Мансур Јаваш и Екрем Имамоглу на постизборна прес конференција во Анкара, 14 мај 2023

Share on FacebookShare on Twitter

Турската државна новинска агенција Анадолу објави дека со преброени 51,03 отсто од гласовите, претседателот Ердоган со 52,03 отсто од тие гласови е пред ривалот Киличдароглу кој, наводно, добил 42,11 отсто од гласовите. Третопласираниот Оган добил 5,33 отсто од гласовите што досега се преброени.

Опозиционерите на прес конференција во Анкара изјавија дека турската државна новинска агенција Анадолу е неверодостојна и дека известува во корист на претседателот Ердоган.

Мансур Јаваш, градоначалник на главниот град и кандидат за потпретседател на опозицијата, изјави дека агенцијата Анадолу не ја исполнува својата функција и побара од јавноста ѝ веруваат на опозицијата.

„Агенција Анадолу повеќе не ја исполнува својата функција. Според податоците што ги имаме, ние водиме во Истанбул и Анкара со 23,87% предност. Кемал Киличдароглу моментално е на чело. Верувајте ни, верувајте ни“, повика Јаваш.

Јаваш се појави заедно со градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, исто така опозициски кандидат за потпретседател, кој рече дека угледот на Анадолу е „под нулата“ и дека прелиминарните резултати не ја одразуваат состојбата на трката. Тој рече дека г-дин Киличдароглу ќе биде прогласен за претседател оваа вечер.

„Ние веруваме во ова“, рече Имамоглу.

Изјавата на градоначалникот на Анкара, Јаваш, ја нагласува важноста на двата големи града во политичкиот пејзаж на Турција, бидејќи Истанбул и Анкара традиционално се сметаат за клучни за успехот на секоја партија на националните избори во земјата.

Доколку навистина Републиканската народна партија (ЦХП), предводена од претседателскиот кандидат на опозицијата, Киличдароглу, е во водство во двата града, конечните резултати би можеле значително да влијаат на иднината на турската политика, без оглед на исходот од претседателската трка.

Џ. Д.

Tags: броењеизборирезултатиТурција
Next Post

Почнува чистење на езерцата и каналите во Градскиот парк

Shortcut

Најново

Винарија Душа во Волково ги отвори вратите за посетители и вински дегустации

November 28, 2026

Човечки мозочни клетки одгледани во лабораторија: Нова надеж за истражување на мозокот

November 28, 2026
Африм Гаши

Африм Гаши повикан на одговорност за блокираните законски измени за заштита на жените

November 27, 2026
Марш пртиво фемицидот во Скопје

Марш против фемицидот во Скопје: Шест барања до институциите со рок до 10 декември

November 26, 2026

16 дена активизам против насилството врз жените: ОН предупредуваат на 70 проценти повеќе пријави во Северна Македонија

November 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Винарија Душа во Волково ги отвори вратите за посетители и вински дегустации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од бегалка со 250 долари в џеб до хуманитарка што собра над 37 милиони долари за Украина: Неверојатната приказна на Мила Кунис

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новиот филм „Ѕвездени патеки“ на Парамаунт: Мрачен пресврт и целосно нови ликови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Човечки мозочни клетки одгледани во лабораторија: Нова надеж за истражување на мозокот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неказнивоста не е пропуст, туку систем

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk