„ВМРО-ДПМНЕ и претседателот на Советот од редовите на оваа партија, Трајко Славевски бегаат од закажување на вонредна седница на Советот на која треба да се расправа за катастрофалната финансиска состојба во Град Скопје“, изјави денеска Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје.
„Го потсетуваме Славевски дека сите услови за одржување на вонредна седница се исполнети и таа треба да се одржи што побрзо. Финансиската состојба во Градот е алармантна, буџетската сметка е блокирана, а на Скопје за првпат во историјата му се заканува банкрот“, вели таа.