Откако Љупчо Николовски преку социјалните мрежи, а потоа и на ТВ екраните, покажа дека СДСМ веќе нема намера да прави компромиси и отстапки пред бројните трикови и нови услови од својот коалиционен партнер ДУИ, се јави Артан Груби, еден од најблиските луѓе на Али Ахмери. Тој побрза да напише двојазична, крајно помирлива порака и не заборави да закачи и една своја фотографија од Собранието (не се гледа Ајфеловата кула).
Артан Груби напиша:
ДУИ целосно ги поддржува законите за јавно обвинителство, совет на јавни обвинители, за одбрана, изборниот законик со корекција на изборните единици како и Преспанскиот, Охридскиот и добрососедскиот договор.
Ние сме убедени дека законите и одлуките ќе се донесат пред распуштање на Собранието.
Предвремените избори беа консензуално договорени кај Претседателот Пендаровски и политичката непредвидливост од било која страна е несериозна и неоддржлива за нашата земја.
Останува малку нејасно дали со „политичка непредвидливост“ мислеше на својот сопартиец Талат Џафери.