ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Министерот Љупчо Николовски додели 67 договори за поддршка на локални манифестации, саеми и фестивали

May 19, 2023 18:12
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Фото: Влада.мк

Фото: Влада.мк

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска свечено ги додели договорите за финансиска поддршка за организација на локални манифестации, саеми и фестивали. Оваа година, пристигнаа рекордни 89 апликации. Од нив 67 ги исполнија условите и добија догвори за организација  на настани, од кои дел ќе се одржат за прв пат со наша поддршка, а некои имаат долгогодишен континуитет.

„Ова ме прави среќен, ми потврдува дека кога се има стратегија и добри мерки, кога се креираат добри политики за развој, тогаш луѓето кои сакаат да работат го искажуваат целиот свој потенцијал. Затоа оваа година имаме зголемување за 18 нови локални манифестации, кои за прв пат ќе се одржат со наша поддршка. Нова можност за речиси сите општини во државава. Ќе се организираат настани со промотивен карактер и со силни пораки за зачувување на традицијата, локалните обичаи, домашната храна, земјоделското производство, автохтоните раси, екологијата и природните убавини. Жените фармери кои ние силно ги поддржуваме и оваа година ќе имаат можност заедно „Да ја продолжиме традицијата“, ќе го промовираме и Мариово како „Оаза за органска храна“, а оваа година ќе имаме и „Вино на штикли“ рече министерот Николовски.

Поддршката за организација на локални настани ширум државата ќе придонесе за поголема туристичка посетеност, афирмација на нашата држава и промоција на познати и непознати дестинации идеални за рурален туризам. Сите локални манифестации, саеми и фестивали, ќе придонесат и кон остварување на повисоки резултати, а тоа е малите производители кои секогаш се присутни на ваквите настани, да добијат можност да ги претстават своите производи.

Малите производители се во фокусот на нашето работење и нашата задача е да им помогнеме да се развиваат. За таа цел распишавме јавен повик  за поддршка со грант до 10.000 евра за набавка на опрема, на кој пристигнаа рекордни 173 апликации.

Голема е и улогата на министерството, за сите овие успеси. Ние донесовме правилници за продажба од куќен праг, и од тој момент почнавме да ја пишуваме заедничката приказна, на многу домашни брендови од мало производство. Руралните жени, конечно добија можност, она што го произведуваат по рецепти наследувани од генерација на генерација, да го преточат во вкусни ајвари, џемови, слатка, маџун, масла, сирење, мед, путер и многу други производи кои сега легално ги продаваат и придонесуваат кон домашната економија. На пример, нашиот ајвар оваа година достигна рекорден извоз.

Локалните манифестации имаат и одговорност, треба да се самоодржливи, да имаат висок позитивен импакт врз пошироката јавност, да допрат до целната група на локални производители и силно да ги промовираат нашите културни и традиционални вредности.

Изминативе години, заедно изградивме многу брендови, манифестации кои се веќе познати и успешно си ја пишуваат својата биографија: Поречки фармер“, „Кратовска компиријада“, „Вкусот на Буково“, „Тиквешки Вински салон“, „Валандовска ракијада“, „Преспански јаболкобер“, „Ден на млекото“, „Ден на празот“, „Денови на медот“ и многу други.

„Сите тие се исти а истовремено и различни. Ја слават храната- она што ни е дар од природата, ја слават традицијата – она што ни е наследство од нашите баби и дедовци, го слават животот- она што ни е дар од Бога. За да остане запишано во нашата колективна меморија, во нашите гени, дека животот под ова сонце е привилегија. Оваа земја е плодна и родна. Секој крај со своја специфика. Вино од Тиквешијата, компири од беровско, млеко од битолско, праски од Росоман, јаболки од Преспа, ракија од валандовско, смокви од Дојран, тутун од прилепско, жито од Пелагонија и Полог. Имаме сѐ и ќе имаме уште повеќе“ потенцираше министерот Николовски.

На настанот се обратија и претставници на здруженија добитници на договори и искажаа благодарност за поддршката која ја добиваат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Министерот им посака успешна реализација на договорите и се заблагодари на рекордно високиот интерес за органзиација на промотивни настани ширум државата.

Tags: Љупчо Николовскифестивалифинансиска поддршка
Next Post
Фото: Влада.мк

Битиќи во „Мултипарк Изаири“: Дијаспората е охрабрена да инвестира во татковината, финансиски и партнерски ја помагаме

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Ден на националното знаме на Украина, Зеленски: Ние нема да му ја дадеме нашата земја на окупаторот!

August 23, 2025

Ден на Државното Знаме на Украина и Ден на Независноста на Украина: За Украинците, слободата и достоинството секогаш биле основни вредности

August 23, 2025

СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брнабиќ: Започна втората фаза на „обоената револуција“ – терор и насилство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk