Партијата Нова демократија на премиерот Киријакос Мицотакис води на парламентарните избори во Грција со голема разлика, а по неа е левичарската партија СИРИЗА, предводена од Алексис Ципрас, објавија западните медиуми.
Владејачката конзервативна партија има водство од речиси 41 отсто од гласовите врз основа на над 70 отсто од преброените гласачки ливчиња, наспроти 20 отсто за СИРИЗА.
Социјалистичката партија ПАСОК е трета, со околу 12 отсто од гласовите и 42 пратенички места. Нејзиниот лидер Никос Андрулакис пристигна во седиштето на партијата, опишувајќи ги денешните избори, на кои неговата партија настапи подобро од очекуваното, како „одличен ден“ за демократијата.
Со преброени 71,39 отсто од гласовите, резултатот е следен:
Нова демократија: 40,83 отсто и 145 пратенички места
СИРИЗА: 20,07 отсто и 72 пратенички места
ПАСОК-Движење на промена: 11,82 отсто и 42 пратенички места
Комунистичка партија на Грција: 7,09 отсто и 25 пратенички места
Грчко решение (Hellenic Solution): 4,50 проценти и 16 пратенички места
Останатите партии кои не влегуваат во Парламентот заедно имаат освоено 15,69 отсто.
Г. Т.