ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АХА!

По „историската“ средба со Орбан, Мицкоски во официјална посета на својот татко

May 22, 2023 16:51
in ZOOM IN, АХА!, ДЕНЕС
Фотомонтажа: РИБАРО

Фотомонтажа: РИБАРО

Share on FacebookShare on Twitter

РИБАРО

Експертите за средбите Мицкоски-Орбан, како историска(!) ја оценија најновата дружба на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ со неговиот десаничарски колега и ценет европски деспот Виктор Орбан. Ова е јубилејна 100. средба на Мицкоски со Орбан, и како што нагласуваат од неговиот кабинет, планот е да се остварат барем уште 100 за време на опозицискиот мандат на Мицкоски. Со оглед на тоа што Мицкоски остварува средби само со Орбан, а другите европски и лидери на западните демократии не сакаат ни да го чујат ни да го видат, епитетот „историска“ е уште пооправдан, за АХА оценуваат експертите.

Мицкоски изразил огромна благодарност на укажаната чест да се реализира оваа јубилејна 100. средба, а исто така се заблагодарил и за гостопримството што Орбан му го овозможува на неговиот гуру и бегалец од правдата Груевски. Орбан од своја страна рекол дека е задоволство да се разговара со добро реализиран полтрон и дека вратите во Будимпешта се секогаш отворени за толку истрениран коленичар како што е лидерот на вмровците.

Од кабинетот на Мицкоски за АХА најавија дека следна на распоредот е официјалната посета на Мицкоски на својот татко.

Мицкоски не само што дипломирал кај неговиот татко, туку Мицкоски бил избран и за асистент кај татко му, па оттаму, како што јавуваат нашите извори, на средбата неминовно ќе тежат претстојните избори за ректор на УКИМ.

Посебен осврт на официјалната средба помеѓу таткото и синот, се очекува да бидат „семејните стебла во УКИМ“ и колку тие се штетни за образованието во Македонија, каде искуствата и примерот на Христијан и неговиот татко се од исклучително значење.


Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK

Tags: ГруевскиМицкоскиОрбанРИБАРОсатира
Next Post

Борисов и Петков се договорија: Денков па Марија Габриел „ротирачки премиери“ во новата влада на Бугарија

Најново

Филков: СДСМ свесно ги блокира реформите во изборното законодавство  

April 29, 2026
Фото ССМ

ССМ повикува на масовен протест за 1 Мај: 260.000 работниците преживуваат со плата под 600 евра

April 29, 2026

СДСМ бара оставка од Тошковски: Врсничко и семејно насилство, жртви, скандали, убиства и дрога од 5 тони

April 29, 2026

Мицкоски: СДСМ лажеа дека ќе банкротираме, дека ќе дојдат мигранти, дека се блокирани ИПАРД фондовите, за Вајц лажеа и за се беа демантирани

April 29, 2026

Тренчевска: Мицкоски на шверцерски начин ја укинува техничката влада, СДСМ се повлекува од Изборниот законик

April 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk