ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Николовски за Блиц Бизнис: Свесни сме дека природните катастрофи се неизбежни, но и дека влијаат на земјоделството

May 24, 2023 21:31
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, во пресрет на најголемата регионална агробизнис конфренција „Grow up – Силата на земјата“ во Србија, на која министрите од регионот ќе дискутираат за регионалната поврзаност како можност за развој и глобалните проблеми поврзани со климатските промени, изјави дека Северна Македонија, заедно со другите земји во регионот, доживува зголемени влијанија од климатските промени кои го засегаат земјоделството, јави дописникот на МИА од Белград.

Сведоци сме дека промените на глобалната клима придонесуваат за зголемување на зачестеноста и сериозноста на екстремните временски непогоди како што се поплавите и силните бури. Северна Македонија, заедно со другите земји во регионот на Југоисточна Европа, доживува зголемени влијанија од климатските промени кои го засегаат општеството во целина, но и функционирањето на многу клучни сектори, особено земјоделството. Свесни сме дека природните катастрофи се неизбежни, но изградбата на глобален систем на навремена и точна прогноза на временските и климатските екстреми може да помогне во подобра подготвеност и ублажување на штетните последици од катастрофите, изјави Николовски за „Блиц Бизнис“.

Регионална агробизнис конфренција „Grow up – Силата на земјата“, која ќе се одржи на 31 мај и 1 јуни на Копаоник, ќе собере најеминентни експерти, компании, сопственици на фарми, владини претставници од регионот, институции, универзитетски професори, од кои еден панел е посветен на регионалното поврзување како развојна можност.

Во рамките на тој панел, министрите за земјоделство од регионот ќе зборуваат за предностите или недостатоците на овој вид дејствување. Оваа дискусија е исклучително важна бидејќи глобалните проблеми поврзани со климатските промени во значителна мера се манифестираат и на Западен Балкан, бидејќи Балканскиот и Апенинскиот полуостров, заедно со остатокот од Југоисточна Европа, се најизложени на овие негативни влијанија.

Извор: МИА

Tags: Западен БалканземјоделствоКлиматски промениЉупчо Николовски
Next Post
Tина Тарнер во 2009, Фото: Shutterstock

Почина Тина Тарнер, светската музичка сензација

НАЈНОВО

Осомничената за грабежот на накит во Лувр пуштена од притвор

November 13, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или .ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025
Скриншот

Дијамантски брош на Наполеон, продаден за над 3,5 милиони франци

November 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ДИК: Надоместоците за изборните органи за Локалните избори 2025 нема да се намалат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стабилни буџети, нестабилни приоритети – општините во фискален парадокс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Дали Панкерот и кумовските врски на Мицкоски се под истрага – скандалот со ИПАРД води до врвот на власта

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Ни прават булинг да го смениме Уставот – денес сме таму каде што бевме пред 25 години на патот кон ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 13 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk