ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

Синхронизирано салтомортале на Мицкоски и Груевски

May 26, 2023 10:47
in ESPRESSO, ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ

Ја гледам водителката како го пелтечи името на Христијан Мицкоски кога го најавува на партискиот митинг од ВМРО-ДПМНЕ одржан во црквата Св. Софија во Охрид и не ми се верува. Прво си велам, ма не е можно ова, мора да е некоја монтажа, но потоа гледам Мицкоски горд на скандалот што го направил, па се вознесол на Фејсбук и вели: „… Јас повикувам на единство на народот и национално обединување, постојат сериозни предизвици!“

Како бе ти јаден ваков повикуваш на единство и обединување?

Навистина Христијане, постојат сериозни предизвици.

Еве, не знам на што побргу да се изначудам:

Дали на тоа што си се дрзнал да одржиш партиски митинг во црква? или, пак,

На тоа што црковните старешини на Света Софија и МПЦ-ОА ти дозволиле таков партиски настан во црква?

На почетокот на говорот лидерот на опозицијата, застанат пред вековните фрески на црквата завршена во ХI век, која е една од најзначајните знаменитости во Македонија со нејзината средновековна архитектура, тој, Мицкоски, му го честиташе именденот на охридскиот градоначалник од редовите на ДПМНЕ, Кирил Пецакоски. Онака мртов ладен Мицко небаре е на од татко му вилаетот.

Која комоција е тоа човече?!

Ајде, знаеме дека тој е недоветен и не почитува ништо, ама со кој памет му се дозволило да сквернави религиски објект со дневна политика, тоа МПЦ-ОА треба да одговори.

Ако црквата Света Софија во Охрид е една од најголемите средновековни цркви на овие простори, Мицкоски е една од најголемите бруки (тука, мора да се признае, трпи тешка конкуренција од неговиот ментор Груевски) што ги видела македонската политичка сцена и пошироко.

Зошто побогу има толку полтрони околу оваа племенска дружина и како воопшто се нафаќаат онакви водителки да водат вакви скандалозни собири, е прашањето што секогаш си го поставувам кога ваквите кловнови нè потсетуваат со кого си имаме работа.

Ова не им е исклучок, ами секојдневие.

Да не остане само на Мицкоски, синхронизирани во салтоморталето како и многу пати досега, на Фејсбук се јави вмровската побегуља Груевски. Тој се осоколи, па вели – ќе градел автопат низ Водно.

Тоа три тунели и автопат со осум ленти, па и трамвај ќе поминувал низ тунелот, па без малку срам спомнува урбанизам, и архитектура и што ти јас знам.

Можам да си го замислам како седи покрај убавиот Дунав во Будимпешта, со лаптопот пред него и расцицлена старлета до него (платена со наши пари) и си визуелизира иднина рамна на неговиот мегаломански капацитет. Се сеќавата на оние ноќни обиколки што ги правеше со Миле ми текна, кога купуваа и кроеја плацеви на Водно и низ Скопје како што му одговараше на Грујота. Па нели ѕидови ќе градеше на плацот за да не го гледаат комшиите. Е, тој, сега ќе го оплеменувал и урбанизирал Скопје и ќе градел автопати и тунели низ Водно. Од последниот тунел што ни го градеше 11 години, сè уште не можеме да излеземе.

Како што и очекував, не остана покусо ни новинарскиот „велемајстор“ Геро, па се испотепа и прв ја поддржа визијата на осудениот криминалец Груевски. Онака, бескомпромисно.

Ако мислите дека тоа ќе се задржи само на вмровските првотимци, скроз сте се заебале. Оди тоа надолу, до градоначалници, па директорчиња, шефчиња… до сите ешалони каде зафаќаат вмровските рачиња.

Еве ви уште еден пример.

Преде некој ден, како што информираше Чадиева, пожарникари со противпожарно возило и со вклучени сирени, во филмска акција на сред бел ден, во работно време, со противпожарни скали се бендереле на општинската зграда за да му однесат роденденска торта на градоначалникот на Велес од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа аларми свиреле, вработените во паника не знаеле што се случува, можам само да си замислам кој кушлуц направиле неизживеаните за да му се додворат на градоначалникот. Не ме чуди тоа да е во негова режија, зашто на овие ич око не им трепнува, нит срам имаат ни перде.

Ништо не почитува оваа политичка багра.

За ВМРО-ДПМНЕ сè е нивна приватна сопственост – и државата; и градот; и црквата, a и животите на граѓаните.

Во кој филм се влезени овие луѓе, драги мои?


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. | Извор: Frontline
Tags: ВодноЈане ЃорѓиоскиколумнаНикола ГруевскиСвета СофијаХристијан Мицкоски
Next Post
Фото: Укринформ

Ноќен воздушен напад на Кијив, активиран системот за воздушна одбрана, непријателски цели лоцирани и уништени во воздухот

Најново

Фото: Скриншот, видео N1

Рундек со мини-концерт во Белград им даде поддршка на студентите со „Ay Carmela“

May 8, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Матка

Викенд хороскоп на Анаис за 9 и 10 мај 2026: Социјална динамика и нови идеи

May 8, 2026
Фото: Скриншот од war.gov/UFO

Трамп објави тајни досиеја за НЛО: „Народот сам нека одлучи што по ѓаволите се случува“

May 8, 2026
Илустрација Фронтлајн

Дали светот се соочува со нова пандемија: Што се случува со хантавирусот на крузерот „Хондиус“?

May 8, 2026

Советничка на ЗНАМ ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, преминува во опозиција

May 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk