ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Телефонски разговор Ковачевски – Мелони: Воздушната НАТО патрола над нашето небо ќе ја реализира Италија, имаме целосна поддршка за евроинтеграциите

May 27, 2023 10:03
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Премиерот Димитар Ковачевски, во телефонски разговор со премиерката на Италија, Џорџија Мелони, разговараше за повеќе актулени прашања за нашата држава и за регионот, информираат од Владата.

Во фокусот на телефонскиот разговор, помеѓу премиерот Ковачевски и премиерката Мелони, беше претстојното патролирање на македонското небо, од страна на италијанските воздухопловни сили. Овој процес е согласно НАТО принципите на заменливост, а премиерите разговараа околу усогласувањето на потребниот технички аранжман помеѓу двете држави, по чиешто потпишување Италија и официјално ќе биде вклучена во оваа НАТО мисија над македонското небо.

Во разговорот, премиерот Ковачевски, изрази жалење за жртвите во полавите што зафатија делови од Италија овој месец, за што Северна Македонија веќе понуди тимови за помош во санирањето на последиците, во форма каква што е потребна и можна.

Премиерот Ковачевски се заблагодари за зајакнатата улога и лидерството на Италија, кога се работи за европските перспективи на Северна Македонија и на регионот, односно за тоа што новата Влада, којашто ја предводи премиерката Мелони, го постави Западен Балкан високо на приоритетите во надворешната политика. Во разговорот беше посочено дека Италија целосно ја поддржува интеграцијата на земјите од Западен Балкан во ЕУ и НАТО и дека процесот на европско обединување нема да биде комплетен без земјите од Западен Балкан.

Ковачевски и премиерката Мелони, го истакнаа значењето на следниот чекор на Северна Македонија во европските интеграции, со изразено очекување сите политички лидери и субјекти во земјава да ја имаат предвид важноста на евроинтеграцискиот процес.

Во телефонскиот разговор, Ковачевски ја поздрави одлуката на Европската Унија со која стратешкиот инфраструктурен проект Коридорот 8 влезе во мрежата главни коридори во регионот и во Европа.

Во таа насока тој ја нагласи важната улога на Италија во истакнувањето на значењето на Коридорот 8, кон чијашто реализација е силно посветена и Северна Македонија.

Во разговорот е констатирано и дека оваа година Северна Македонија и Италија одбележуваат 30 години од воспоставувањето дипломатски односи, што е голем јубилеј којшто дава мотив за натамошна засилена соработка.

Оценето е дека политичките односи се традиционално добри и пријателски, а економската соработка го одржува долгогодишниот тренд во којшто Италија континуирано се наоѓа на листата десет држави со коишто Република Северна Македонија има најголем обем на трговска размена.

Tags: Димитар КовачевскиИталијаНАТОЏорџија Мелони
Next Post

Работната група ја усвои Предлог иницијативата за измена на Уставот, поддршка стигна од ЕУ и САД, Мицкоски е против

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk