ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Дачиќ: Ситуацијата на Косово е последица на постојаната ескалација што ја прави Курти

May 29, 2023 09:40
in ДЕНЕС, РЕГИОН

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ оцени дека ситуацијата на Косово е „последица на постојаната ескалација што ја прави косовскиот премиер Албин Курти“, како и на „деескалацијата на која работи дел од меѓународната заедница“.

„Резултатот од тоа е подмолен план, а тоа е дека на Курти му се дозволува да направи нешто, меѓународната заедница како нешто реагира… Сите сега реагираат против Приштина поради тоа што го направија, вклучително и Кфор. Улогата на Кфор не е да се буни, туку да го оневозможи тој едностран чин“, изјави Дачиќ за РТС.

Според него, Кфор денеска ги штити новоизбраните градоначалници од „сопствениците“ на општинските згради – Србите кои се вработени таму.

Коментирајќи ги предупредувањата и осудите на меѓународната заедница за тој едностран чин на властите во Приштина, Дачиќ рече дека „од предупредувања не се живее на терен“.

„Ако Америка не може да ја натера Приштина да го почитува тоа, тогаш навистина не знам каква доверба можеме да имаме во меѓународната заедница и во покровителите на тој опасен воен авантуризам во Приштина“, рече Дачиќ.

Тој изјави дека силите на српската војска се на готовност и дека Србија ќе ги заштити Србите на Косово доколку мора.

„Сигурно нема да дозволиме да паднат српски жртви поради неподготвеноста на меѓународната заедница или поради воениот авантуризам на Курти“, рече Дачиќ.

Во петокот, по обидите на граѓаните од северот на Косово да ја спречат полицијата да влезе во општинските простории во Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ, дојде до судири, во кои полицијата употреби солзавец, чад и шок бомби.

Неколку Срби беа повредени, а косовската полиција влезе во општинските згради и ги внесе албанските градоначалници, кои победија на неодамна одржаните избори, на кои излегоа вкупно 3,4 отсто од гласачите.

Изборите, кои беа бојкотирани од српските политички претставници на Косово, беа организирани од Приштина на крајот на април, откако Србите ги напуштија косовските институции во ноември минатата година.

Tags: ДачиќКосово ситуацијаКурти
Next Post

КФОР ги пропушти вработените до влезот на општина Звечан, косовската полиција ги запре и фрли солзавец

НАЈНОВО

Гутереш: Гладот во Појасот Газа е резултат на намерни постапки на Израел

August 28, 2025

Репортери без граници: Насилството врз новинарите во Србија достигна тажен рекорд, регистрирани се 34 напади за помалку од два месец

August 28, 2025

Се интервенира на четири пожари на планинските подрачја на Општина Желино, градоначалникот се сомнева дека се подметнати

August 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Вереничкот прстен од Тејлор Свифт. Фото: Инстаграм Тејлор Свифт

    Колку „тежи“ венчалниот прстен што го доби Тејлор Свифт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сопругата на Брус Вилис открива зошто донела тешка одлука да го пресели сопругот во друга куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спречен обид за криумчарење на поголема количина препарати за заштита на растенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Медведев парично казнет за инцидентот на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk